MotoGP

Директорот на трките објаснува зошто е казнет Роси

Мајк Веб, директорот на МотоГП трките објаснува во детали што се случуваше зад сцената во Малезија и зошто е казнет Роси.

Следете нè на:

 

PA1823739.0008Роси по инцидентот со Маркез на Сепанг

Мајк Веб, директорот на МотоГП трките објаснува во детали што се случуваше зад сцената во Малезија и зошто е казнет Роси.

Додека сеуште не е стивната реакцијата кај МотоГП фановите ширум светот ја пренесуваме реакцијата на Мајк Веб, директор на трките во МотоГП шампионатот. Пред се да напоменеме дека казната за Роси не е укината (иако денеска се рашири таква дезинформација по социјалните мрежи), тој е казнет со 3 дисциплински поени (не поени од шампионатот) кои заедно со претходниот казнен поен кој го имаше Роси значат дека на трката во Валенсија ќе стартува од последниот ред. Тимот на Јамаха поднесе жалба веднаш по одлуката на Дирекцијата на трката која беше одбиена, па сега тимот има рок од 5 дена да достави жалба до дисциплинската комисија на ФИМ која треба потоа да состави комисија која ќе го разгледа случајот пред следната трка.

Во однос на казната за Роси, Мајк на пресот изјави:

„Нема да ги цитирам возачите и нивните изјави по трката, но ќе ви доловам како изгледаше нашата работа.“ - започна Мајк.

„Ги сослушавме возачите, Маркез изјави дека си возел своја трка и дека си ја гледал работата, притоа поминувајќи го Роси без контакт. Тоа е точно. Тој изјави и дека немал намера да му пречи на Валентино“.

„Од друга страна Валентино изјави дека било очигледно дека Маркез намерно ја успорувал трката и правел се што е во негова моќ Роси да има тешка трка. Роси изјави и дека намерно излегол широко во кривината со цел Маркез да отиде на страна за тој да може да продолжи да го брка Лоренцо“.

„На крајот, ние веруваме дека има вина во двете страни.“

„Независно од изјавата на Маркез, Дирекцијата на трката смета дека тој намерно го успоруваше темпото на Роси. Сепак со тоа тој не прекрши некое правило. Што и да мислиме за неговата постапка, колку и да влијае таа на духот на шампионатот, според правилата тој не направи никаков контакт и со тоа тој возеше според книгата.“

„Валентино реагираше на провокацијата од Маркез, за жал неговата реакција беше спротивна на правилата.Тој направи неодговорен маневар кој предизвика пад на возач. Заради тоа му е изречена казната. Ние мислиме дека контактот беше намерен, иако тој тврди дека целта му била само да го натера Маркез да излезе од стазата, без притоа да падне.“

Во одредувањето на казната Дирекцијата на трката ги земала во предвид сите елементи, вклучувајќи ги и провокациите од Маркез.

„Според моето мислење, според времињата кои ги прегледавме и според мислењето на комисијата тој се обидуваше да ја промени трката. Сепак како што кажав и претходно, тој со тоа не ги прекрши правилата, затоа и нема казна за него.“

„Сепак го земавме ова во предвид кога ја изрекувавме казната за Роси, но и на него му повторивме дека без разлика на провокациите не смее да предизвика друг возач да падне“. - заврши Веб.

По одлуката на Дирекцијата на трката во јавноста се појавија уште неколку нови видеа кои покажуваат дека Роси не го удира Маркез, но останува да се почека до следната недела кога ќе се знае одлуката на дисциплинската комисија на ФИМ во однос на жалбата на Јамаха.

Би можело да ве интересира

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.