Распоред за следење на МотоГП Унгарија
По трката во Италија, MotoGP караванот се сели во Унгарија, каде што продолжува сезоната со Гран При на...
На утрешната МотоГП трка на патеката Мотеги која се вози за „Мотул Гранд При на Јапонија“ од првата позиција ќе стартува возачот на Дукати, Андреа Довициозо, второ време забележа Валентино Роси со заостанување од само 0.055 од времето на Довициозо. Третото место во првиот ред му припадна на Дани Педроса.
Во организација на Мото клубот ЛТД Спортс од Битола, а под покровителство на Мотоциклистичката федерацијата на Македонија во недела, 12 октомври на легендарната патека Братиндол крај Битола, ќе се одржи третата трка од отворениот Шампионат на Македонија во мотокрос за 2014 година.
Саемот за мотори во Келн ќе ги отвори вратите за посетителите од 1-5 октомври. На Интермот 2014 ќе имаме прилика да проследиме 900 излагачи од 35 земји кои ќе претстават повеќе од 1200 брендови на мотори и мото опрема.
Саемот за мотори во Келн ќе ги отвори вратите за посетителите од 1-5 октомври. На Интермот 2014 ќе имаме прилика да проследиме 900 излагачи од 35 земји кои ќе претстават повеќе од 1200 брендови на мотори и мото опрема.

Годинава Келн ќе биде градот во кој ќе се соберат производителите на мотори и мото опрема, Интермот 2014 започнува на 1-ви октомври, а ќе трае до 5-ти, период во кој повеќе од 900 излагачи од 35 земји на јавноста ќе и претстават повеќе од 1200 брендови на мотори и мото опрема.
Интермот ќе биде домаќин на сите големи играчи во мото светот, ќе бидат презентирани нови модели на мотоцикли, скутери, е-мотори, агрегати, мото делови, гуми, масла... едноставно се што има врска со мото светот.
Имајќи во предвид дека саемот во Келн годинава слави јубилеј 50 години постоење, интересот кај големите брендови е огромен, па така свое место за претставување веќе имаат резервирано BMW, Ducati, Harley-Davidson, Honda, Kawasaki, Suzuki, Piaggio (Групација:Aprilia, Piaggio, Vespa, Scarabeo, Derbi, Gilera и Moto Guzzi) како и Triumph. KTM и Yamaha ќе бидат претставени на поголеми штандови со цел достојно да ги презентираат своите нови модели, а секако на саемот ќе бидат присутни и Husqvarna, Polaris, Victory и Indian. На саемот ќе бидат присутни и производители на гуми, моторни масла
Што не очекува?
Најавени се многу нови модели, според досегашните информации на саемот во Келн ќе бидат претставени следните модели за 2015: BMW S1000RR, Kawasaki Ninja H2, Yamaha R1, KTM 1290 Super Adventure, Ducati Scrambler..
Саемот ќе биде поставен во 5 хали, на вкупна површина од 118.000 квадратни метри, како и до сега, за публиката ќе биде обезбедена и забава во форма на фристајл МХ шоу, ќе биде организиран и натпревар во кастм изработка на мотоцикли, тест возења, трајл натпревар и многу други активности кои ќе ја направат посетата на саемот незаборавна.
Доколку сте во можност да го посетите саемот во Келн, не ја пропуштајте приликата, во спротивно следете не бидејќи нашата екипа веќе ја доби акредитацијата за саемот, а вие ќе имате прилика да ги видите сите новитети за 2015 преку објективот на нашиот фоторепортер.
Домашната публика на патеката Мизано полуде откако нивниот миленик Валентино Роси ја забележа првата победа во сезоната, во трка во Лоренцо и Педроса се искачија на подиумот, а Марк Маркез освои само еден бод за 15-та позиција по падот кој го доживеа.
Скај Мото Дооел генерален застапник и дистрибутер на мото програмата од Continental, известува дека компанијата Continental GmbH Germany започна со спроведување на доброволен програм за БЕСПЛАТНА замена на предни гуми, кој опфаќа околу 170.000 гуми од димензиите 120/70 ZR 17 и 120/70 R 17.
Втора последователна година Британското Гранд При беше местото на спектакуларен дуел помеѓу возачот на Репсол Хонда тимот Марк Маркез и возачот на Мовистар Јамаха тимот Хорхе Лоренцо. Оваа година Маркез беше човекот кој излезе како победник на Силверстоун, трка во која актуелниот Светски шампион го победи својот Шпански сонародник.
23-то мото рели „Македонија - Независност“ ќе се одржи од 6 до 8 септември. Поаѓањето е во сабота во 10 часот од плоштадот Македонија во Скопје, а пристигнувањето на истото место е предвидено за на 8-ми септември (понеделник, неработен ден).
Одличната сезона за Маркез заврши! Дани Педроса се искачи на победничкото место на пиедесталот за прв пат по Малезија минатата година, и со тоа ја прекина победничката серија. Хорхе Лоренцо и Валентино Роси му се придружија на подиумот во Брно на Педроса.
Џош Шихан со двојно салто наназад го проби својот пат кон спектакуларната победа на дуелот од Red Bull X-Fighters во Минхен, летна бајка која што ја престори борбата за титулата во натпревар на двајцата најдобри пред финалето на сезоната во Јужна Африка.
По бавниот почеток на сезоната, бранителот на титулата во Red Bull X-Fighters Томас Паже од Франција направи камбек во коридата Лас Вентас во Мадрид, и тоа со гнев. За да ги совлада конкурентите кои направија спектакуларни изведби на точки што некогаш се видени во ова натпреварување, тој мораше да создаде историја и успеа во тоа, изведувајќи ја првата точка со превртување на моторот.
Викендов на патеката Глобаре во Србија се возеа трки од Источно-Европскиот шампионат во мотокрос нa кој учествуваа пет натпреварувачи со македонски лиценци. Нај успешен од нив беше Христијан Илиоски - Кико, кој во најсилната класа го освои третото место и повторно со пехар се врати во Македонија.
Нашиот најдобар мотоциклист на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос, Христијан Илиоски - Кико забележа победа во четвртата рунда од сезоната.

Нашиот најдобар мотоциклист на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос, Христијан Илиоски - Кико забележа победа во четвртата рунда од сезоната.
Од почетокот на сезоната во Источно-Европскиот шампионат во мотокрост поминаа четири рунди, или седум трки кои беа доволни нашиот најдобар натпреварувач во оваа конкуренција да се закити со златото. Дека Илиоски е повторно во онаа препознатлива форма се покажа на самиот почеток од сезоната, трките во Грција за Кико беа прв меѓународен успех по подолга пауза, па иако се врати со трето место за неговите фанови успехот беше еднаков на победа.
Потоа следуваше втората рунда во сезоната, трката во Турција која му ја донесе втората позиција и напредок во генералниот пласман. Следуваа трките во Романија, каде она што требаше во најмала рака да биде повторување на успехот се претвори до дебакл. Најдоброто време на квалификациите и тренинзите навестуваа конечна победа во меѓународни рамки, но за жал трките беа откажани па остана само сатисфакцијата дека времето на Илиоски е нов рекорд во Романија.
Дојде на ред и Босна. Трка која многумина од натпреварувачите ја прешкртаа од календарот на самиот старт, многупати до сега беше откажувана, па никој не ни помисли дека по поплавите Босанската мото федерација ќе ја организира трката. Сепак се покажа дека кога се сака, се се може. Трката се одржа иако условите беа тешки, вирови на стазата и бразди кои се појавуваа со секое поминување на кросевите, a на крајот од денот, по две извозени трки, трето место за Илиоски.
Три рунди, три пехари и трето место во генералниот пласман. Изминатиот викенд се возеше четвртата рунда во сезоната која конечно го донесе заслужениот успех за младиот битолчанец. Илиоски дојде до победа на патеката Сливен во Бугарија и со тоа се искачи на втората позиција во генералниот пласман на Источно-Европскиот шампионат.

Сепак борбата не застанува тука, веќе утре тој заминува за Србија, каде на патеката глобаре ќе се обиде да го повтори успехот и да дојде на чекор поблиску до водечката позиција која во моментов му припаѓа на Адријан Радута од Романија.
Нашиот втор претставник, Борче Костов - Жолт кој се натпреварува во класата МХ3 и МХ3 Ветерани забележа шесто и седмо место во Бугарија. Костов кој е верен сопатник на Илиоски на сите трки од Источно-Европскиот шампионат забележа солидни резултати на сите досегашни рунди, па така по фантастичното второ место во Босна и бодовите од оваа трка тој сеуште се наоѓа на третата позиција во неговата класа.

Илиоски и Костов овој викенд ќе продолжат со трките во Србија, пред летната паузата од два месеци по што ќе продолжи шампионатот. До крајот на сезоната предвидени се уште 5 рунди (10 трки) за кои на нашите натпреварувачи ќе им биде потребна помош. Се надеваме дека конечно ќе се најде решение, дали преку институциите или преку спонзор кој ќе застане зад успешните возачи, но навистина е жално успехот на меѓународен план да не биде соодветно награден.