По пробниот тест во Австрија, KTM го го комплетираше првиот вистински тест со KTM RC16 MotoGP мотоциклот на патеката во Валенсија. Во саботата и неделата, тест возачите Алекс Хофман и Мика Каило го пробаа RC16 на Шпанската патека.

По пробниот тест во Австрија, KTM го го комплетираше првиот вистински тест со KTM RC16 MotoGP мотоциклот на патеката во Валенсија. Во саботата и неделата, тест возачите Алекс Хофман и Мика Каило го пробаа RC16 на Шпанската патека.
Со овој тест, KTM сака да го засили темпото на развој на мотоциклот. Алекс Хофман се користи како возач кој ќе помогне во развојот. Тој треба да потврди дали мотоциклот работи добро и дали се развива во вистинска насока. Новиот возач Мика Каило, е доведен за да ги оцени перформансите на мотоциклот. 33 годишниот Финец само што се пензионираше од трките. Калио исто така има е поскорешно искуство со MotoGP машините, бидејќи возеше за Pramac Ducati во 2010 и ја тестираше Suter CRT MotoGP машината во 2012 година. Калио, во своите поранешни тимови, беше познат по тоа што внимава на деталите и точно знае на кои делови им треба подобрување.
Во соопштението за печат, Мајк Лејтнер, човекот кој е одговорен за MotoGP проектот, изјави дека е многу задоволен со прогресот на мотоциклот. KTM подготвуваат мотоцикл кој ќе биде спремен да се врати на трките во 2017 година. Претседателот на KTM, Стефан Пиерер, неодамна за едно германско списание изјави дека тие имаат намера да учествуваат на последната трка во 2016 година која ќе се оддржи во Валенсија.
Интервјуто со Пиерер содржеше многу интересни детали. Веќе беше познато дека KTM ќе користат V4 мотор околу кој ќе има челична конструкција, но Пиерер откри дека нивниот мотор веќе има 270 коњски сили. Мотоциклот користи „seamless“ менувач кој е развиен во соработка со X-Trac. Иако од KTM веќе побараа дозвола од претседателот на Dorna, Кармело Езпелета, да учествуваат на трката во Валенсија, тие би можеле и порано да почнат да се натпреваруваат доколку нивниот мотоцикл биде подготвен.
Клучот за успехот на овој проект ќе биде во пронаоѓањето на квалитетен возач кој ќе се натпреварува во 2017 година. За да го направат тоа, тие ќе мора да постигнат добри времиња на тестирањата. Засега, не се објавени времињата кои беа постигнати во Валенсија и бидејќи проектот е се уште во рана фаза, ќе следат уште многу тестирања. Со оглед на тоа дека на многу возачи им истекува договорот на крајот на сезоната, од KTM ќе треба да покажат што е можно поскоро дека нивниот мотоцикл е компетитивен.

Коментари