Останато

Red Bull X-Fighters: Паже и Мур ќе се соочат за титулата во Абу Даби

Том Паже од Франција и Клинтон Мур од Австралија ќе се сретнат во најизедначеното финале досега од светската серија Red Bull X-Fighters, што на 30 октомври ќе се одржи во Абу Даби, а дуелот на двајцата возачи се очекува да трае до финишот! Обајцата се изедначени на врвот од генералниот пласман и имаат по две победи зад себе во најпрестижното светско натпреварување во мотокрос слободен стил, кое по четврти пат се враќа во Обединетите Арапски Емирати.

Следете нè на:

 

P 20151027 00314 NewsСе е подготвено за борбата за титулата

Том Паже од Франција и Клинтон Мур од Австралија ќе се сретнат во најизедначеното финале досега од светската серија Red Bull X-Fighters, што на 30 октомври ќе се одржи во Абу Даби, а дуелот на двајцата возачи се очекува да трае до финишот! Обајцата се изедначени на врвот од генералниот пласман и имаат по две победи зад себе во најпрестижното светско натпреварување во мотокрос слободен стил, кое по четврти пат се враќа во Обединетите Арапски Емирати.

АБУ ДАБИ (Обединети Арапски Емирати) – Светската серија Red Bull X-Fighters стигна до својата драматична завршница за 2015 година, при што Томас Паже (Франција) и Клинтон Мур (Австралија) ќе ги имаат можност да го покажат својот арсенал од најдобри егзибиции, превртувања и скокови што публиката некогаш ги видела. Подобриот во дуелот ќе ја прослави титулата во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати. Мур ја започна сезоната како доминантен во првата половина, со победи во Мексико Сити и Атина, но Паже кој ја освои оваа серија во 2013 година, беше несовладлив на последните две натпреварувања во Мадрид и Преторија.

Завршницата на јубилејната 15 сезона од Red Bull X-Fighters воедно ќе го означи долго очекуваното деби во Абу Даби. Натпреварувањето е планирано да се одржи на спектакуларниот брег Корнише, на 30 октомври. Најдобрите светски возачи во мотокрос слободен стил претходно три пати се натпреваруваа во ОАЕ, но шоуто беше лоцирано во Дубаи.

Паже и Мур имаат по 280 поени во првенството и покажаа брилијантни изведби, блескајќи во натпреварувањата каде што возачите со импресивни егзибиции во воздухот прескокнуваат и по 30 метри во далечина и летаат до 15 метри во височина. Со по две победи покрај своето име, двајцата претенденти за тронот имаат уште по едно второ и едно трето место. Ова е прв случај на изедначеност со кој се влегува во последното натпреварување.

Паже во минатото беше водечка сила за иновации, со изведби како „Special Flip“, „Bike Flip“ и неодамна усовршениот „Alley-Oop Flair“. Мур исто така има свои заштини знаци како „Bundy“ со кој стана незапирлив оваа сезона, но го додаде и првиот „земја-земја Volt“ изведен во Преторија, Јужна Африка.

Ливај Шервуд од Нов Зеланд кој е трет во генералниот пласман и шампион за 2012 година, нема да настапи во Абу Даби поради повреда со која што се здоби токму пред натпреварувањето во Преторија. Тој има 185 поени, па битката за третото место ќе биде интересна бидејќи Французинот Давид Риналдо има 145 поени, исто колку и Џош Шихан од Австралија, кој е победник во ова натпреварување за 2014 година, но годинава го пропушти почетокот на сезоната. Неговиот сонародник Роб Аделберг е исто така во конкуренција за дофат на третата позиција, бидејќи има 135 поени на шестото место.

Табела: 1. Том Паже (Франција) 280 поени, 2. Клинтон Мур (Австралија) 280 поени, 3. Ливај Шервуд (Нов Зеланд) 185 поени, 4. Давид Риналдо (Франција) 145 поени, 5. Џош Шихан (Австралија) 145 поени, 6. Роб Аделберг (Австралија) 135 поени, 7. Дани Торес (Шпанија) 100 поени, 8. Адам Џонс (САД) 100 поени, 9. Така Хигашино (Јапонија) 95 поени, 10. Реми Бизуар (Франција) 90 поени.

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.