(Време на читање: 1 - 2 минути)


МотоГП шампионатот полека но сигурно доаѓа до крајот, пред нас е пред последната трка која викендов се вози на патеката Сепанг во Малезија.

Sepang International Circuit Malaysia

МотоГП шампионатот полека но сигурно доаѓа до крајот, пред нас е пред последната трка која викендов се вози на патеката Сепанг во Малезија.

Една од нај неизвесните сезони во МотоГП доаѓа до финалето. Сепанг викендов ќе биде домаќин на 17-та рунда во која главни протагонисти ќе бидат возачите на Јамаха тимот кои се борат за титулата, Валентино Роси и Хорхе Лоренцо.

Патеката со должина од 5,5км беше изградена во 1999 година за потребите на брзинскиот мотоспорт, составена од 15 свиоци од кои 5 се леви и 10 десни вклучува четири бавни свиоци од кои се излегува на два долги правци. Патеката е популарна кај возачите но и кај публиката која може да ужива во тркањето со целосно завртена рачка за гас и многу претекнувања. Патеката е карактеристична по временските услови кои бараат од возачите целосна посветеност заради интензивната жештина и влажноста на воздухот.

Имајќи ја во предвид временската разлика, не очекува уште еден непреспан викенд, сите возбудувања ќе бидат пренесувани во живо на Спорт Клуб каналите според следниот распоред:

Петок (23.10.2015) - SportKlub 1

03:00 Тренинг 1 Moto 3 во живо
03:55 Тренинг 1 Moto GP во живо
04:55 Тренинг 1 Moto 2 во живо
07:10 Тренинг 2 Moto 3 во живо
08:05 Тренинг 2 Moto GP во живо
09:05 Тренинг 2 Moto 2 во живо

Сабота (24.10.2015) - Sport Klub 1

03:00 Тренинг 3 Moto 3 во живо
03:55 Тренинг 3 Moto GP во живо
04:55 Тренинг 3 Moto 2 во живо
06:35 Квалификации Moto 3 во живо
07:30 Тренинг 4 Moto GP во живо
08:10 Квалификации Moto GP во живо
09:05 Квалификации Moto 2 во живо

Недела (25.10.2015) - SportKlub 1

02:40 Warm Up Moto 3 во живо
03:10 Warm Up Moto 2 во живо
03:40 Warm Up Moto GP во живо
05:00 Трка Moto 3 во живо
06:20 Трка Moto 2 во живо
08:00 Трка Moto GP во живо
Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: