Преродбата на Husqvarna откако премина во сопственост на KTM и потпомогната од финансиите на Индискиот гигант Bajaj,  продолжува со овој нов концепт наречен 701 Vitpilen.

Husqvarna 701 4

Преродбата на Husqvarna откако премина во сопственост на KTM и потпомогната од финансиите на Индискиот гигант Bajaj,  продолжува со овој нов концепт наречен 701 Vitpilen.

Новиот мотоцикл е наменет да биде противотров на бранот од носталгија кој го преплави пазарот на мотори. Тој има модерен стил и механичка основа која ги користи деловите на KTM 690 Duke.

Главни карактеристики на Husqvarna 701 Vitpilen:

  • 73bhp едно цилиндричен  roadster
  • Ултра модерен стил
  • Во моментов за жал, се уште е концепт

Моделот 701, следува една година откако беа претставени концептите Husqvarna Vitpilen 401 и Svartpilen 401. Овие мотоцикли, или барем еден од нив  кој ќе ги има најдобрите делови од двата концепта веројатно ќе почне да се произведува наредната година. Моделот Vitpilen 701, можеби ќе се појави веднаш после тоа, бидејќи како што изгледа, овие мотоцикли имаат слични компоненти.

Од Husqvarna велат дека моделот 701 е севкупно посериозен мотоцикл од моделот 401. Со својот 73bhp едно цилиндричен мотор од новиот KTM 690 Duke, инсталиран во така лесен мотоцикл, тешко е да не се согласиме со ова тврдење.  И двата модела веќе имаат направено тестирања и се подготвуваат за сериско производство. Британскиот дизајнер на мотоцикли, Крег Дент, кој работи за Кишка Дизајн- компанија која работи на дизајнот на секој KTM мотоцикл во изминативе 20  години - го опиша 701 Vitpilen како „моќен едно цилиндричен мотоцикл со резервоар и мало седиште“.  

Back To Top