Honda претстави неколку сериозно добри концепти на мотоцикли на овогодинешниот ECIMA настан кој се оддржа во Милано. Меѓу нив се издвојуваат два модели: CBSix50 и CB4.
Honda претстави неколку сериозно добри концепти на мотоцикли на овогодинешниот ECIMA настан кој се оддржа во Милано. Меѓу нив се издвојуваат два модели: CBSix50 и CB4.
И двата мотоцикли компанијата ги базираше на CB650F и на неговиот мотор со четири цилиндри. Сепак дизајнерите го променија изгледот на мотоциклите и сега едниот изгледа како мотоцикл за оф роуд возење, а другиот е повеќе за возење низ град.
Моделот CBSix50 изгледа подготвен за било која средина благодарејќи на испакнатите делови на пневматиците, штитниците на рачките и штитникот кој ги чува безбедни механичките делови.
Дизајнерите од Honda го подготвија CB4 концептот да биде подготвен за возење на улица. Основата на мотоциклот е обоена со бела и црна боја, а црвена боја има на кочниците. Предните светла за округли за разлика од моделот CBSix50 каде што се правоаголни. Овој мотоцикл исто така има и по традиционални пневматици за разлика од другиот модел, а ауспухот му дава малку по агресивен изглед. Лесно може да ја замислите оваа машина како вози по улиците на било кој град низ светот. Во очекување на повеќе информации, останува да се надеваме дека нема да останат само концепти.