Ливио Супо, директорот на „HRC“ тимот на вчерашната прес конференција во Валенсија демантираше дека Хонда безусловно стои зад Маркез.

motogp valencia gp 2015 jorge lorenzo marc marquez

Ливио Супо, директорот на „HRC“ тимот на вчерашната прес конференција во Валенсија демантираше дека Хонда безусловно стои зад Маркез.

Откако заврши на втората позиција зад Лоренцо на последната трка од шампионатот, Марк Маркез беше обвинет од страна на Валентино Роси дека за време на трката се однесувал како телохранител на Лоренцо. Маркез се огради од обвинувањата, а веднаш потоа и тимот издаде соопштение во кое се вели дека нема никакви докази за тврдењето на „Докторот“.

За време на прес конференцијата на патеката Валенсија во средата Супо потврди дека Маркез има значително влијание во тимот, но потенцираше дека никогаш не би го поддржале доколку не бил во право.

„Во овој спорт возачите се нај важни, трката во неделата покажа колкава разлика има од врвните возачи до останатите. Ете погледнете ги резултатите од Валенсија, од „Вонземјаните“ до првиот „обичен“ возач (Довициозо на петтата позиција) има цели 25 секунди.

Ова значи дека ваков возач има големо влијание во тимот, но да кажеме дека Маркез е во право, тоа сигурно нема да биде затоа што тој го побарал тоа од нас. Доколку сметавме дека не е во право, јавно ќе му го кажевме тоа. Ние не сме негови робови, ние едноставно веруваме дека тоа што го кажа е вистина“.

„Мене ми е навистина жал за тоа што се случи во неделата, знам дека тој навистина сакаше да победи на трката и кога го видов на крајот во парк ферме видов дека е навистина разочаран. Тој е паметно момче, а треба да бидеш навистина глупав да го направиш намерно тоа што се случи во неделата. Ќе беше глупаво Маркез да не се обидеше да го помине Лоренцо доколку можеше, а на крајот и доколку успееше да го помине, Лоренцо ќе завршеше втор со ист број на бодови како Роси и повторно ќе беше шампион.“ - заврши Супо.

Back To Top