(Време на читање: 2 - 3 минути)


Патеката Филип Ајленд во Австралија викендов ќе биде домаќин на 16-та рунда од МотоГП шампионатот.

Repsol Phillip Island 2014

Патеката Филип Ајленд во Австралија викендов ќе биде домаќин на 16-та рунда од МотоГП шампионатот.

МотоГП шампионатот полека се ближи кон крајот, на ред 16-та од вкупно 18 рунди, а имајќи во предвид дека сме сведоци на една од нај возбудливите сезони до сега сигурни сме дека не очекува интересна трка. Валентино Роси е водечки во шампионатот со 283 поени, 18 повеќе од второпласираниот Лоренцо. Додека „Докторот“ ита кон 10-та титула, неговиот клубски колега воопшто нема намера да ја предаде борбата.

Филип Ајленд е патека со долга историја, првите трки со мотори на ова место се одржале во 1931 година, а во 1956 е изградена постојаната патека. МотоГП шампионатот се појави на Филип Ајленд во 1989 и 1990 година, за од 1997 да влезе во постојаниот календар.

Погледот на океанот и прекрасната околина е карактеристична за патеката со должина од 4,4км, составена од 12 свиоци од кои 7 се леви, а 5 десни. Најголемиот правец е со должина од 900 метри.

Претендерите за титулата имаат одлични резултати на Филип Ајленд, Валентино Роси има забележано пет последователни победи од 2001 до 2005, а победа забележа и минатата година со што го делат првото место на листата на најмногу победи со Кејси Стонер (по 6). Во 2008 и 2009 тој заврши на втората позиција, а шампањското го има отворено како третопласиран и во 2000, 2006, 2007, 2010, и 2013.

Хорхе Лоренцо има забележано три втори места во 2010, 2012 и 2014, а во 2013 забележа победа со рекорд на патеката кој сеуште е активен (1'27.899)

Пренос од сите сесии ќе има на Спорт Клуб каналите според следниот распоред:

Sport Klub 3 - Петок

01:00 Тренинг 1 Moto 3 Во живо
01:55 Тренинг 1 Moto GP Во живо
02:55 Тренинг 1 Moto 2 Во живо
05:10 Тренинг 2 Moto 3 Во живо
06:05 Тренинг 2 Moto GP Во живо
07:05 Тренинг 2 Moto 2 Во живо


Sport Klub 1 - Сабота

01:00 Тренинг 3 Moto 3 Во живо
01:55 Тренинг 3 Moto GP Во живо
02:55 Тренинг 3 Moto 2 Во живо
04:35 Квалификации Moto 3 Во живо
05:30 Тренинг 4 Moto GP Во живо
06:10 Квалификации Moto GP Во живо
07:05 Квалификации Moto 2 Во живо


Sport Klub 3 - Недела

01:40 Warm up Moto 3 Во живо
02:10 Warm up Moto 2 Во живо
02:40 Warm up Moto GP Во живо


Sport Klub 1 - Недела

04:00 Трка Moto 3 Во живо
05:20 Трка Moto 2 Во живо
07:00 Трка Moto GP Во живо

За оние кои ги немаат Спорт Клуб каналите во својата ТВ понуда, стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: