Со оглед на тоа дека забраната за тестирање започнува на 1ви декември, возачите на Репсол Хонда, Марк Маркез и Дани Педроса, денеска на патеката во Херез го одржаа првиот од планираните три тестирања.

Со оглед на тоа дека забраната за тестирање започнува на 1ви декември, возачите на Репсол Хонда, Марк Маркез и Дани Педроса, денеска на патеката во Херез го одржаа првиот од планираните три тестирања.
Иако утрото беше ладно, тие беа благословени со доброто време кое остана сончево во текот на целиот ден. Марк и Дани го поминаа првиот ден споредувајќи различни мотори и работејќи на електичниот сет ап.
Марк го заврши денот со најдобро време од 1 минута и 39 секунди, притоа возејќи вкупно 65 круга.Дани, кој ја пропушти трката која се возеше тука минатата година поради повреда, успеа да извози 65 круга. Неговото најдобро време изнесуваше 1 минута и 40 секунди. Тој имаше мала незгода на последниот свиок, но за среќа немаше никаква повреда.

Секој пат кога излегуваме на патеката е интересно бидејќи пробуваме многу работи, почнувајќи од софтверот како наша референца и со пневматиците на Мишелин бидејќи мораме да знаеме до каде е нивниот лимит. Возевме неколку кругови за да разбереме некои работи и го пробавме и новиот мотор. Но мораме да извозиме уште кругови за да ја подобриме електрониката, бидејќи е тешко да се разбере вистинскиот карактер се додека не го поправиме тоа. Електрониката се уште не е доволно конзистентна, иако имаме напредок. Но очигледно е дека таа е неколку чекори поназад од софтверот на Хонда на кој сме навикнати. Знаеме дека нема да биде исто па затоа мораме да најдеме начин да го подобриме тоа, особено во однос на сопирањето и контролата на тракцијата.- изјави Маркез
Беше добар прв ден, и покрај несреќата што ја имав при крајот кога малку посилно притиснав на сопирачката. Малку бев бавен тука денеска бидејќи немам возено на оваа патека од трката во 2014 година. Затоа ми требаше малку време да се прилагодам на мотоциклот и на пневматиците на Мишелин. Ги споредував различните мотори но исто така работев на податоците бидејќи немам информации од трката која се оддржа тука оваа година. Се обидовме да го дадеме најдоброто денеска, но денес беше само подготовка. Утре ќе работиме подетално на моторот, пневматиците и на електрониката.Дани Педроса
Коментари