Првиот пред сезонски тест на патеката Херез за актуелниот Светски Супербајк шампион заврши неславно откако доживеа пад во првиот свиок по што мораше да замине во Англија на лекарски прегледи.

gintoli honda

Првиот пред сезонски тест на патеката Херез во Шпанија за актуелниот Светски Супербајк шампион заврши неславно откако доживеа пад во првиот свиок по што мораше да замине во Англија на лекарски прегледи.

Возачот на Хонда подлегна на серија тестови со кои требаше да се утврди состојбата на неговиот грб, врат и десниот зглоб на кој се жалеше Гинтоли. За среќа, по деталните испитувања докторите заклучиле дека 32 годишниот Супербајк шампион нема скршеници и заздравувањето од падот ќе го направи само со помош на физиотерапевт и со користење на хипербарна комора.

„Грбот сеуште ме боли, на зглобот веќе можам да се потпирам и среќен сум што немам скршеници. Третманот веќе започна, па иако ќе потрае малку подолго сигурен сум дека ќе бидеме подготвени за стартот на сезоната на Филип Ајленд следниот месец. Беше фрустрирачки што го пропуштив тестот на Херез со оглед на одличните временски услови, но имаме уште еден дводневен тест во Австралија пред почетокот на сезоната. Јас веќе имав прилика да видам што се беше направено на CBR-от за време на зимската пауза, па навистина сум возбуден и едвај чекам да започне шампионатот“ - изјави Гинтоли.

Back To Top