Светскиот шампионат во Спидвеј е возбудлива мото дисциплина која изобилува со адреналин и претставува вистинско уживање како за натпреварувачите, така и за публиката.

speedway 52

Светскиот шампионат во Спидвеј е возбудлива мото дисциплина која изобилува со адреналин и претставува вистинско уживање како за натпреварувачите, така и за публиката.

Шампионатот започнува со квалификации и челинџ рунда во Шведска и Австрија за потоа од 31 јануари да започне вистинската борба за титулата. Првата и втората трка се возат во Русија, потоа во февруари се вози во Казахстан, а во март шампионатот продолжува во Германија и Холандија.

Трета последователна година Мотул е спонзор на шампионатот, благодарение на моторните масла и средствата за мотоциклите кои се отпорни на екстремните температурни разлики, како и технички напредните својства кои овозможуваат мотоциклите без проблем да достигнат 0-100км/ч за помалку од 3 секунди.

Секоја рунда во шампионатот трае два дена, во кои се вози по три часа дневно. Секој круг на стазата трае помалку од една минута, а мотоциклите кои имаат четворотактен мотор и се со зафатнина од 500цц работат на метанол. Возачите користат гуми без шара на кои се додаваат шилци со должина од 3цм, но она што е навистина возбудливо е тоа што мотоциклите воопшто немаат кочници!

Back To Top