Во интервју за Шпанската телевизија „Movistar TV“, новиот тимски шеф на Дани Педроса говори за очекувањата во 2015.

26pedrosa 15829059513 44474f8d6f o slideshow 169

Во интервју за Шпанската телевизија „Movistar TV“, новиот шеф на персоналот на Дани Педроса говори за очекувањата во 2015.

Веднаш по завршувањето на првиот пред сезонски тест на патеката Сепанг во Малезија, Рамон Аурин говореше за очекувањата од Дани Педроса како и за неговите нови обврски.

Веќе започнавте да работите со Педроса, како течат подготовките?

Изминаа три години откако работев на позицијата шеф на персоналот, па нормално е некоја работа да изостане на почетокот. Се надевам дека до Катар ќе влеземе во форма, за мене е исто како да сум возач, ми треба само малку тренинг.

Дали твојата работа многу се промени?

Минатата година имав по техничка работа, сега работата ми се состои од координација и одлуки кои треба да влијаат на подготовката на моторот. Во некои денови повторно имам технички обврски, во други пак сум координатор, или пак носам одлуки за тимот, во секој случај работата е завршена, а јас сум среќен што сум назад.

Работеше на истата позиција со Андреа Довициозо, дали сега чувствуваш поголем притисок?

Првата година кога работев со Дови беше навистина тешко за мене, тогаш требаше да ја учам работата. Сега кога знам како се работи сум во тимот на Дани кој постојано се бори за титулата па ќе треба навистина добро да си ги сработам обврските.

Како дојде до новата работна позиција, те контактираше Дани или пак директно Хонда?

Случајно, мојот претходник Мајк Летнер ја напушти позицијата па местото остана празно. Јас сум човек на Хонда, веќе имам искуство и мислам дека завршив одлична работа со Довициозо. Откако ме контактираа за новата позиција во Хонда сакав само да знам дали Дани се согласува со тоа. Тој одговори дека е среќен со одлуката, и еве ме.

Дали мислите дека Дани ќе се бори за титулата оваа сезона?

Клучот за Дани да стане шампион е да биде малку по агресивен.  Изминатата сезона тој имаше добри трки гледано од средината до крајот на трките. Заради регулацијата која им дозволуваше предност на возачите во отворената класа, на стартот од секоја трка тие избиваа напред. Во принцип за да влезе во форма на Дани му требаат 4-5 круга, а на останатите возачи 2. Треба да работи на тоа, да биде по агресивен на стартот од трката, да не дозволи да го поминуваат послаби возачи. Не знам дали ќе ја освои титулата така, но знам дека ќе има поголеми шанси.

Back To Top