За фановите на Јамаха во МотоГП шампионатот зимската пауза заврши денеска со претставувањето на боите на YZR-M1 во Мадрид со кои Роси и Лоренцо ќе атакуваат на титулата.

2015 Movistar Yamaha MotoGP

За фановите на Јамаха во МотоГП шампионатот зимската пауза заврши денеска со претставувањето на боите на YZR-M1 во Мадрид со кои Роси и Лоренцо ќе атакуваат на титулата.

2015 ќе биде втора година по ред во која тимот на Јамаха ќе соработува со Шпанската компанија „Telefónica“ со која има пет годишен договор. Токму затоа седиштето на компанијата во Мадрид беше одбрано за презентација на новите бои на Јамаха МотоГП тимот.

Возачкиот кадар останува непроменет за сезоната, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси ќе бидат двајцата возачи кои од самиот старт се вбројуваат во претендентите за титулата. Лоренцо минатата сезона имаше потежок старт од неговиот клубски колега Роси кој на крајот сосема заслужено се најде на втората позиција во генералниот пласман. Сепак Лоренцо покажа дека не треба да се отпише од листата на возачи кои се вбројуваат во МотоГП „вонземјаните“ па сите со нетрпение го очекуваат стартот на првиот тест во Сепанг за 2015 година.

Во однос на моторот, Јамаха активно најави дека ќе работи на подобрување на перформансите со цел да и се доближи на Хонда, техничките детали секако дека не се познати, па ќе мора да почекаме до првите пред сезонски тестови за да ги видиме резултатите. Што се однесува до надворешноста, во 2015 има промена во големината на логото на Телефоника, нови освежени бои, како и нови спонзори. Меѓу новите спонзори се вбројуваат Abarth, Cromax и Descente. Секако тука се и веќе постоечките со кои е обновен договорот, а тоа се: JX Nippon Oil & Energy Corporation (ENEOS), Monster Energy Corporation, Yamaha Indonesia Motor Manufacturer (Semakin Di Depan), Eurasian Bank, Yamalube, Akrapovič, TW Steel, Alpinestars, Racing Boy, Exedy, Magneti Marelli, D.I.D., NGK, BMC Air Filters, 2D, Beta Tools, Yamaha Corporation (Yamaha Music) и Bridgestone.

Back To Top