Хелдер Родригез на Хонда забележа победа на деветтата етапа на релито Дакар 2015.

Dakar 2015 Stage9 Helder Rodrigues Joan Barreda 1024x763

Хелдер Родригез на Хонда забележа победа на деветтата етапа на релито Дакар 2015.

По катастрофалната осма етапа во која Жоан Бареда остана малтене без шанса за титулата, беше одлично да се види тимот на Хонда повторно на првата позиција. Бареда кој беше водечки во шампионатот на седмата етапа ја загуби рачката но успеа да финишира, за потоа на стартот од осмата етапа да се појави со позајмена рачка, а крајот на аспирациите за првата позиција ги стави механички дефект на неговиот мотор.

По деветтата етапа Марк Кома (КТМ) е на пат да ја забележи петтата титула на релито Дакар, имајќи во предвид дека главниот конкурент е далеку зад него. Сепак не е се готово, до крајот на релито се возат уште четири етапи, па да се надеваме дека ќе следиме возбудлива борба за првата позиција.

Back To Top