Со цел да ја одбележи 30 годишнината од првиот Yamaha VMAX модел, фабриката одлучи да оствари соработка со германската компанија „JvB-moto“ која го подготви специјалниот VMAX Yard Built "INFRARED".

2015 YAM YBVMAXINFRARED EU CUSTOM STA 003 03 gal worlds full tcm114 598862

Со цел да ја одбележи 30 годишнината од првиот Yamaha VMAX модел, фабриката одлучи да оствари соработка со германската компанија „JvB-moto“ која го подготви специјалниот VMAX Yard Built "INFRARED".

2015 е специјална година за легендарната Yamaha VMAX која пред 30 години блесна на пазарот. Во далечната 1985 Yamaha го претстави моделот кој прерасна во икона на јапонската фабрика. Со цел достојно да ја одбележи годишнината од првиот модел, фабриката оствари соработка со компанијата „JvB-Moto“ од Келн, Германија.

Резултатот од нивната соработка е радикален драгстер/кафе рејсер кој нема да остави рамнодушен никого. Концептот изобилува со карбонски делови, рачно изработен алуминиумски рам, специјално изработен Термињони издув, па дури и отвори за воздух од оригиналниот модел од 80-те.

Како изгледа сето тоа, можете да погледнете во продолжение:

Back To Top