На тропскиот остров Бали, Светскиот Шампион Марк Маркез и неговиот клубски колега Дани Педроса го презентираа изгледот на нивните мотори за 2015.

54cdaf2c07e547.54254352

На тропскиот остров Бали, Светскиот Шампион Марк Маркез и неговиот клубски колега Дани Педроса го презентираа изгледот на нивните мотори за 2015.

HRC тимот уживаше во 2014 откако по трет пат во последните четири години ја освои тројната круна (титула во конструктори, тимови и возачи). Тимот ја продолжи соработката со Repsol откако заедно прославија 20 годишна успешна соработка, што го прави спонзорството на Репсол најдолго за еден МотоГП тим во историјата. 

На новата графика на моторите на Хонда забележливо е зголеменото лого на Red Bull, со кого тимот на Хонда сега има поголем договор за соработка. 

На презентацијата на новите бои заедно со тимот присуствуваше извршниот директор на Хонда г-н. Шухеи Накамото како и под-претседателот г-н. Ливио Супо.

Презентацијата на моторот се случува на неколку дена од првиот пред сезонски тест кој е закажан за 4-ти февруари на патеката Сепанг во Малезија.

Back To Top