Успешното партнерство помеѓу Хонда (HRC) МотоГП тимот и производителот на издуви Термињони ќе продолжи и во следните две години.

hrc termignoni

Успешното партнерство помеѓу Хонда (HRC) МотоГП тимот и производителот на издуви Термињони ќе продолжи и во следните две години.

Хармонијата и добрите односи се потврдија и преку успешната соработка, која од 2011 година до сега им донесе вкупно 7 титули, три кај возачите и четири кај конструкторите.

„Среќни сме што ја продолжуваме соработката со Термињони и во следните две години. Заедно уживавме во успесите во изминатите години, се надевам дека ќе го правиме истото и во многу следни сезони“ - изјави Ливио Супо, маркетинг директорот на Хонда тимот

„Навистина е задоволство да се работи со HRC, во изминатите четири години уживавме во многу победи, а одличната соработка ни се прошири и во Светскиот мотокрос шампионат. Горди сме што соработуваме со легендарниот тркачки оддел на Хонда, бидејќи тоа ги потенцира можностите и потенцијалот на Термињони“ - изјави Микеле Бурненго, извршен директор на Термињони

Back To Top