Dainese Smart GO: Воздушно перниче што се напојува од вашиот паметен телефон
Dainese го претстави Smart GO, нов систем на воздушно перниче дизајниран да ги надмине клучните...
Вториот текст од серијалот посветен на МФМ е наменет за потенцијалните заменици на Јуха Салминен, Рики Кармајкл или Валентино Роси во Македонија. Во првиот текст пишувавме која е процедурата за регистрација на мото клуб.
Новиот скутер од Хонда наречен Vision 50 беше создаден со цел да понуди доверлив, забавен и мобилен скутер за ниска цена. Наменет за секојдневна употреба од различни профили на луѓе, тој нуди издржливост, безбедност и лесно управување на кое може да му позавиди секој скутер.
За едните тој е идол, за другите, еден од идиотите заради кои јавноста ги мрази моторџиите, но без разлика во која група спаѓате сигурно не сте останале рамнодушни на Хајабусата која развива 499кс. Епа доколку имате среќа, таа може да биде ваша!
Во минатото Роланд имал неколку рекорди на стазите во 1998 на AMA 250GP Шампионатот. Но по 32 скршеници на коските својата кацига и тркачки комбинизон ги замени за компјутер и горлиник за заварување, дизајнирајќи и изработувајќи машини често наградувани со трофеи на престижни Кастм Бајк натпревари
Овогодишното издание на релито Дакар имаше трагичен старт откако на првиот натпреварувачки ден загина аргентинскиот мотоциклист Хорхе Мартинез Боеро. Инцидентот се случил на 55. километар од специјалот на првата етапа од Мар дел Плата до Санта Роса.
Новиот скутер од Хонда наречен Vision 50 беше создаден со цел да понуди доверлив, забавен и мобилен скутер за ниска цена. Наменет за секојдневна употреба од различни профили на луѓе, тој нуди издржливост, безбедност и лесно управување на кое може да му позавиди секој скутер.
Наместо со елените Денеска Дедо Мраз во Дневниот центар за деца од улица пристигна со мотори. За тоа се погрижија членовите Мото клуб Конзули од Битола кои ги израдуваа децата. Дедо Мраз на дечињата им подари новогодишни пакетчиња, а за возврат тие го развеселија со убави песнички.
Компанијата која кај нас е позната по продажбата на кинески скутери и мотори сепак во својата програма нуди и мотори од светски познати брендови. Таков е примерот со моделот за 2012, Kawasaki Brute Force 750 4x4i (special edition) кој веќе е во продажниот салон на Хамачи.

Мото клубот Конзули од Битола е млад клуб формиран и регистриран во месец Јануари 2011 од повеќе основачи ентузијасти. Идејата за основање на клубот трае подолго време, а со оглед на бројноста на заинтересираните имаше голем притисок за основање на клубот. Во меѓувреме наши членови - моторџии повеќе години учествуваа на разни мото тури и дружења, сепак тоа беше доста неорганизирано и несоодветно.
Нашиот мото клуб Конзули Битола е отворен клуб за заинтересирани моторџии и љубители на мотори кои сакаат дружење, возење и учество на разни собири, манифестации, хуманитарни акции, чувајќи ја природата и околината. Располагаме со сопствени простории на ул. Железничка б.б. Битола.
Доколку ги земеме во предвид цените на “јапонците”, разбирливо е зошто секој трет моторџија размислува за алтернативно решение. Сакајќи да им излезе во пресрет на оние луѓе чиј буџет не им дозволува да одвојат петоцифрена сума за брзинец, дечките од Максима започнаа со увоз на корејскиот бренд Hyosung.

Мото клубот “INDIAN” е формиран 2010 година во Куманово. Клубот брои околу 30тина членови и е формиран со цел да ја шири мото културата во Куманово и надвор од него.
Името на клубот “INDIAN”го одбравме бидејќи индијанците биле воинствен и храбар народ кои верувале во природата и поврзаноста на човекот со природата,исто така народ кој има посебен начин на живот, издржливост во борбата за живот и посветеноста кон своето племе и својот народ.
Во овој мото клуб членуваат луѓе од сите бранши но сите не поврзува љубовта спрема моторите, дружењето,и авантуристичкиот дух кој го имаме секој во нас.Нашата желба и сатисфакција е мир во светот и ширење љубов кон моторите и се разбира нашето мото:Вози внимателно.
Претседател на мото клуб “INDIAN” Емил Трајковски
e-mail:
Магистар Дејан Силјановски е првиот претседател на Мотоциклистичката Федерација на Македонија. Оставката од својата функција ја поднесе пред два дена, а кога минатата недела дознавме за промената која следи уште повеќе посакавме да ја слушнеме неговата приказна.
Возење со моторцикл како совозач е одлична прилика за запознавање на начинот на кој се движи и управува моторциклот. При едно нормално возење на моторцикл како совозач, доколку малку повеќе посветите внимание на тоа што се прави возачот може да научите многу, не само за управувањето на моторот туку и за вашата безбедност.
Како што знаете, барем оние кои не следат и читаат, решивме да ви доловиме некоја плус информација за историјата на 4-те Јапонски гигантски производители на моторцикли, започнавме со Хонда, ги претставивме Јамаха и Сузуки и овој серијал ќе го затвориме со историјата на големиот конкурент на останатите производители, Кавасаки.
Научниците со помош на новите истражувања на цел еден тим предводен од Џон Хопкинс, дојдоа до сознание дека кацигата не само што не заштитува од сериозни повреди на главата и мозокот при удар, туку го намалува ризикот од здобивање посериозна повреда на ‘рбетот.
"If you are going to do something, be the best" Тоа е мотото на "Ginichi Kawakami" првиот претседател на Yamaha Motor Company, токму под тоа мото, целосната креативност и силниот, голем дух за предизвици ја прават Јамаха она што е сега, една од најголемите и најконкурентни компании во мото светот.