motori Saso_NikolovЕдинствениот претставник на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ), Слободан Ивчески на првиот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2012 година кој се одржа на 20 мај на патеката во Плевен, Бугарија после двете возења со вкупно 27 бодови го освои осмото место. 

Единствениот претставник на Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ), Слободан Ивчески на првиот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2012 година кој се одржа на 20 мај на патеката во Плевен, Бугарија после двете возења со вкупно 27 бодови го освои осмото место.  

MK Team

Бугарија после двете возења со вкупно 27 бодови го освои осмото место. Минатата сезона Ивчески го освои деветтото место во конечниот пласман на крајот од сезоната, а годинава стартува со уште поголеми амбиции со оглед на тоа што настапува со новонабавен КТМ мотоцикл. Натпреварот воедно се бодуваше и за отворениот Источно-Европски шампионат, Ивчески исто така беше осми, додека искусниот Јужноафриканец Глен Скот кој дебитираше под македонски знаме со оглед на тоа што годинава ќе настапува со лиценца од МФМ беше единаесетти со 22 бодови.

Marin Sugarev_copy
Во исто време, на првиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој се одржа на патеката Долна Митрополија крај Плевен, МФМ ја претставуваа петмина натпреварувачи. Младиот Марин Сугарев со новата Априлија го освои шестото место во класата до спорт до 125 ссм, а победник беше Никола Бајич од Србија, а втора беше бугарката Жулиета Ленкова.

Saso Nikolov

И двајцата наши претставници во класата супербајк до 1000 ссм освоија бодови на почетокот на сезоната. Сашо Николов беше седми, додека ветеранот Зоран Трајковски од 18. место на квалификациите успеа да се пробие до 13. место на крајот од трката. Победник беше домашниот претставник Димо Неделчев. Бодови освои и Игор Спиров кој на крајот беше 12. во класата супербајк до 600 ссм. Во оваа конкуренција најбрз беше Душан Благојевиќ од Србија. Последниот македонски учесник,  Ефтим Велјановски не настапи во класата супершток до 1000 ссм поради технички проблеми.

Резултати:

SBK S1000 (Сашо Николов и Зоран Трајковски)
SBK S600 (Игор Спиров)
SP Junior (Mарин Сугарев)
Open + S3 (Слободан Ивчески)


Извор: МФМ 

Back To Top