roadToLondonStampa 1 600x„Road To London for Sic“, е патување посветено на легендарниот Марко Симончели организирано од страна на „Vespa Club di Morciano di Romagna“.

roadToLondonStampa 1 600x

„Road To London for Sic“, е патување посветено на легендарниот Марко Симончели организирано од страна на „Vespa Club di Morciano di Romagna“. Возењето ќе започне од Ромања до Англија со 14 Веспи кои ќе ја носат кацигата донирана од Паоло Симончели за „Riders For Health“ аукцијата.

Собраните средства ќе одат во фондацијата на Марко Симончели. Освен кацигата на аукцијата ќе бидат понудени и портрет на Симончели како и блуза, дизајнирана од семеен пријател на Симончели, Алдо Друди. Авантурата ќе трае една недела, каде Веспите ќе извозат симболични 1958 километри во шест различни етапи, со цел да се прошири пораката на Фондацијата, основана во чест и спомен на починатиот Марко.

„Road To London for Sic“ ќе започне на 8-ми јуни од Ромања.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.