Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, aво техничка организација на МК Мото Велес на 27 мај на патеката крај езерото „Младост“, традиционално трета година по ред Велес ќе биде домаќин на првиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро.
Шампионатот на Македонија годинава е распишан во 4 класи: Е1, Е2, Е3 и Т1 и се очекува рекорден број на учесници, односно преку 30 натпреварувачи од Македонија. Двојните шампиони, Ивица Милошевиќ (Е2, МК Мотори – Скопје) и Виктор Ефремов (Т1, МК Мото Велес – Велес) ја започнуваат борбата за трета титула по ред и атакуваат на златна кацига, додека Валентин Тошев (МК Брзкруг – Велес) ќе је брани титулата во класата Е3. Според најавите, на патеката нема да го видиме единствено четвртиот шампион од 2011 година, Александар Петровски (МК Мотори) кој ќе и им го препушти местото на подиумот на своите конкурентите од класата Е1.
Патеката е со должина од 15 километри, а натпреварувачите ќе треба да ја поминат на четири пати. Во рамките на секој круг ќе има и брзински испит кој содржи елементи од мотокрос, ендуро и екстрим. „Брзинецот“ќе биде најпривлечен за публиката со оглед на конфигурацијата на теренот, одличната прегледност и панорамата од која се гледа целото езеро „Младост“. Покрај тоа на патеката ќе има и 2 временски контроли и една контролна точка.
Според програмата свеченото отворање на натпреварот е предвидено за 11:30 часот, а стартот на првиот натпреварувач е во 12:00 часот. Збирот на времиња од трите брзинци и казнените поени од временските контроли ќе ги одредат најдобрите по класи и во клупска конкуренција. Прогласувањето на најдобрите е предвидено за 15:00 часот.