Dainese Smart GO: Воздушно перниче што се напојува од вашиот паметен телефон
Dainese го претстави Smart GO, нов систем на воздушно перниче дизајниран да ги надмине клучните...
Марко Меландри го забележа најдоброто време на денешната прва квалификациска сесија пред трката на патеката Арагон во Шпанија. На втората позиција засега е актуелниот лидер во генералниот пласман Макс Бијаџи, а на третата позиција се најде Том Сајкс.
Тимот на Кавасаки веќе започна да го применува новото правило кое ќе стапи на сила следната сезона во Супербајк шампионатот. Сите тимови ќе бидат задолжени да стават налепници на своите мотори во форма на фаровите кои ги имаат нивните сериски мотори.
Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на седмиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 1 јули на патеката во Сенквице, Словачка.
Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје на 30 јуни и 1 јули на патеката крај Скопје ќе се одржи вториот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.
Претставниците на МФМ, Игор Спиров (Сузуки) и Сашо Николов (Јамаха) ги освоија осмите места во своите класи на третиот натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотоциклизам на кружни патеки кој се одржа изминатиот викенд на патеката Истанбул Парк во Турција.
Кејси Сотнер најбрз на вториот тренинг во Силверстоун а, на првиот тренинг на мокра патека најбрз беше Валентино Роси
Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски во рамките на шестиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој се одржа на 9 и 10 јуни на патеката во Орахова Вас, Словенија успеа во првата трка да стигне до 24 место.
Мало загревање за мото журката во сабота во организација на МК Ноќни Волци која ке се одржи на паркингот пред салата Борис Трајковски.
Последно надополнување од промоцијата на новите модели на Веспа е одличното видео кое го подготвивме за вас. Не заборавајте да ги погледнете галериите од новите модели Vespa LX 3V и Vespa S 3V, а повеќе информации за карактеристиките...
Во продолжение можете да ја погледнете галеријата од новиот модел Vespa S 3V. Повеќе информации за новите модели на Веспа можете да најдете на следниот линк.
Поканата за присуство на промоцијата на новата Vespa 3V во Рим ја прифативме со воодушевување. Претставници на мотори.ком.мк како единствен медиум во Македонија кој се занимава исклучиво со тематика од мото светот беа дел од премиерата на легендарната Веспа.
Првиот слободен тренинг на патеката Каталуња помина во знакот на Кејси Стонер. Актуелниот Светски шампион постави време кое е безмалку за половина секунда зад официјалниот рекорд на патеката, но сепак само 0.1 делови од секундата пред Дани Педроза.
Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Шари мотокрос на 3 јуни на патеката Порој крај Тетово ќе се одржи уште еден натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.
Нашиот најдобар мотокрос натпреварувач Христиан Илиоски ќе ја претставува Македонија и Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на петтиот натпревар од Светскиот шампионат во мотокрос за 2012 година кој ќе се одржи на 3 јуни на патеката во Младина, Хрватска.