Во паузата помеѓу квалификациите за трката од Супербајк шампионатот во Сан Марино можевме да уживаме во мајсториите на стантерите со четвороцикли.
Во паузата помеѓу квалификациите за трката од Супербајк шампионатот во Сан Марино на патеката Мизано можевме да уживаме во мајсториите на стантерите со четвороцикли. Понесени од аплаузите на публиката која не штедеше дланки за да ги бодри неколкупати се надминаа себеси правејќи работи кои според нивни зборови претходно не се осмелувале.
Шоуто траше цел час, а најголем впечаток кај публиката остави влечењето на поголемиот со помалиот четвороцикл, притоа прескокнувајќи преку рампа. Бројни аплаузи измами Марк (станерот на поголемиот квад) кој неколкупати и „помогна“ на девојката од публиката, приближувајќи ја до него притискајќи ја по задникот. И да не должиме многу, погледнете како изгледаше сето тоа. {gallery}4x4{/gallery}