motori start-motokros-ormanПод покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Шари мотокрос на 3 јуни на патеката Порој крај Тетово ќе се одржи уште еден натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.

start-motokros-orman

Под покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, a во техничка организација на МК Шари мотокрос на 3 јуни на патеката Порој крај Тетово ќе се одржи уште еден натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2012.

Годинешниот шампионат во овој возбудлив спорт е распишан во 4 класи и тоа: МХ85, МХ1, МХ2 и МХ3 и се очекува учество на триесетина натпреварувачи од Македонија и соседните земји.

По победите на претходните две трки, најголем фаворит за победа кај младите надежи од класата МХ85 е Андријан Ристевски (Хонда, МК Мотостарс). Негов предизвик годинава е одбраната на титулата од 2011 година.

blagojce-spirovski

Најголемо внимание секако ќе привлече заедничката трка на класите МХ1 и МХ2. Во класата МХ2 отсуството на најдобриот Христиан Илиоски (Хонда, МК Пелистер) кој настапува на трка од светскиот шампионат ќе пробаат да го искористат неколкумина натпреварувачи. Најголеми шанси за победа ќе има Благојче Спировски (Сузуки, МК Мотостарс). Во најсилната класа МХ1 се освен победа на Гоце Томовски (Хонда, МК Гого) ќе биде големо изненадување.

goce-tomovski

Во МХ3 класата, досегашните одлични настапи му даваа за право на повратникот на патеките и повеќекратен шампион, Николче Тодоров (Сузуки, МК Мотостарс) да се надева на уште еден успех.

Според програмата квалификациите се во недела 3 јуни од 10:00 часот, а свеченото отворање на натпреварот е предвидено за 11:30 часот. Првото возење ќе започне во 12:00 часот, а второто во 13:30 часот. Бодовите од двете возења ќе ги одредат најдобрите по класи и во клупска конкуренција.

Извор: „МФМ“

Back To Top