motori enduro-velesОваа недела (27-ми Мај) во близината на Велес ќе се одржи првата трка од годинешниот шампионат во Ендуро во Македонија.

enduro-veles

Оваа недела (27-ми Мај) во близината на Велес ќе се одржи првата трка од годинешниот шампионат во Ендуро во Македонија.

Трката е во техничка организација на мото клубот „Мото Велес“, а под покровителство на градот Велес. Мотоциклистичката Федерација на Македонија како и до сега е организатор на трката која ќе се бодува за државниот шампионат.

Она што е интересно и што ќе се случува за прв пат кај нас, а со цел да се зголеми атрактивноста на самата трка за публиката, организаторот се одлучи за 4-5 по кратки кругови наместо вообичаените два. Тежината на трката сепак ќе биде на истото ниво како и кога би се возеле два круга на подолга патека, со тоа што ќе можеме да следиме атрактивни сегменти кои не се видени на Ендуро трка кај нас до сега.

Сето ова ветува возбудлива и интересна трка на која се очекува да настапат сите стандардни домашни натпреварувачи, но најавени се и неколку големи имиња од Ендуро светот. Затоа не заборавајте, недела, 27 Мај, правец кон Велес ;)

Back To Top