Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Британецот Сем Сандерленд имаше перфектен старт на релито Дакар 2019 кое се вози во Перу. Тој го заврши денот со петто најдобро време. Ова му овозможува да ја нападне првата позиција на денешната етапа која е подолга.

Кај трофејот Андрос не се работи само за автомобили. Мотоциклите од  AMV купот се голем дел трките секој викенд. Доколку сакате да дознаете повеќе за трките по мраз, нема подобра личност со која би можеле да разговарате отколку со осум кратниот шампион и бранител на титулата, Силвиан Даберт.

Дмитри Колтаков е осум кратен шампион во „ Ice speedway “ тркањето. Ова е спорт во кој возачите возат по мраз со остри шила закачени на нивните гуми.  Има посебна причина поради која ги нарекуваат гладијатори. Ние имавме можност да разговараме со еден таков натпреварувач за да дознаеме нешто повеќе за овој спорт.

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

Десет години по првото издание на познатото рели на Јужно Американскиот континент, релито Дакар во 2019 година ќе се оддржи по нова рута, а стартот и крајниот дел од релито ќе бидат во Лима.

Реклами

Листа на мото настани