Останато

Макс Бијаџи урна 11 рекорди

Поранешната MotoGP и WSB ѕвезда Макс Бијаџи урна 11 брзински рекорди со електричен мотоцикл и постигна брзина поголема од 250mph.

Следете нè на:

Поранешната MotoGP и WSB ѕвезда Макс Бијаџи урна 11 брзински рекорди со електричен мотоцикл и постигна брзина поголема од 250mph.

Бијаџи, кој има 49 години, го предводеше Voxan Wattman до успех на настанот кој се оддржа на аеродромот во Шатору, Франција. Иако максималната брзина која беше регистрирана изнесува 254mph, сепак рекордот останува на 228mph бидејќи се зема просекот од возењето во двете насоки. Сепак, и со тоа е урнат претходниот рекорд кој изнесуваше 204mph.

Тимот исто така користеше и „unfaired“ верзија на 270kW машината и поставија нови рекорди во „non-streamlined“ категоријата. Новата максимална брзина која ја поставија Бијаџи и неговиот тим во овој сектор сега изнесува 217mph.

Бијаџи вели: „Во тимот имаше голема верба и одлучност. Овие рекорди ме прават многу среќен. Горд сум на тимот и фактот дека ги враќаме титулите назад во Воксан.“

Max Biaggi record

Во 2010 година, Venturi го купи Voxan и Гилдо Пастор веднаш го насочи фокусот кон производство на електрични мотоцикли.

Пастор изјави: „За мене беше важно да прославиме 20 години од почетокот на нашата авантура. Воопшто не беше лесно но благодарение на напорната работа на Макс и неговиот тим бевме спремни за предизвикот. Venturi сега го креираше најбрзиот електричен мотоцикл.“

Тој исто така ги урна и следниве рекорди: Quarter-mile flying start, partially streamlined (245.10mph); quarter-mile flying start, non-streamlined (221.95mph); 1km flying start, partially streamlined (240.07mph); quarter-mile standing start, non-streamlined (78.42mph; quarter-mile standing start, partially streamlined (79.10 mph); 1km standing start, non-streamlined (115.30mph); 1km standing start, partially streamlined (119.20 mph); 1 mile standing start, non-streamlined (138.45mph); 1 mile, standing start, partially streamlined (139.81mph).

Би можело да ве интересира

Како што најави пред некоја недела, Honda го претстави својот нов турер на база на Africa Twic - NT1100

Асоцијацијата Железен задник или оригинално именувана Iron Butt Association е организација посветена на безбедни и долги патувања со мотор. Глобално има повеќе од 75.000 членови, а оваа есен, го доби и првиот член од Македонија.

Минатата недела, според најавата, во јавност се појави втората епизода од серијалот на Ducati новитети најавен пред еден месец. Овој пат во епизодата Mark your roots претставени беа два нови модели Ducati Scrambler 1100 Tribute PRO и Ducati Scrambler Urban Motard. 

Мото клубот GUARDIAN ANGELS MC на 16-ти октомври ќе го прослави својот 13-ти роденден, а воедно ќе биде организирана и 11-та крводарителна акција.

Да, добро прочита Kawasaki официјлано најави хибриден мотор кој, се разбира, комбинира електрична енергија и стандарден мотор со внатрешно согорување. 

MotoGP на Instagram ги повика фановите да ги испратат своите видео снимки како го поздравуваат докотор. 

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.