Останато

FIM MiniGP Светски шампионат за млади возачи

Dorna Motor Sports објави нова серија кој има за цел да промовира млади возачи и да им помогне во развојот на нивните кариери.

Следете нè на:

 

Dorna Motor Sports објави нова серија кој има за цел да промовира млади возачи и да им помогне во развојот на нивните кариери.

Новата серија се вика FIM MiniGP World Series и преку неа треба да се откријат нови, талентирани, возачи на возраст помеѓу 10 и 14 години ширум светот.

Концептот е едноставен, Dorna и FIM креираа стандардизиран тркачки формат кој може да го преземат сите клубови на национално, регионално и континентално ниво. Целта е да се креира изедначена серија преку која сите млади возачи ќе можат да покажат што знаат и умеат.

Според правилата поставени од FIМ, секоја MiniGP серија ќе има минимум четири настани со осум трки. Исто така, во секое натпреварување мора да има најмалку 15 редовни возачи.

Трките ќе се оддржуваат на картинг патеки а возачите ќе настапуваат со Ohvale GP-0 160 тркачки мотоцикли опремени со пневматици на Pirelli.

FIM Mini GP

Dorna бара првиот настан да се случи во јули 2021 година а последниот би требало да се оддржи не подоцна од 17-ти октомври. Сепак, ништо од ова уште не е сигурно поради коронавирусот.

Најдобрите возачи од неколкуте серии на крајот како награда ќе можат да бидат дел од World Final, кој пак треба да се оддржи една недела пред последната MotoGP трка од сезоната.

Победникот ќе обезбеди место во една од „Road To MotoGP“ програмите што пак преставува следен чекор во Гран При трките. Меѓудругите, такви се: Asia Talent Cup, British Talent Cup, Northern Talent Cup, European Talent Cup.

„FIM MiniGP World Series е првиот чекор за сите млади возачи кој води до исполнување на нивната цел а тоа е настап во FIM MotoGP шампионатот“ , вели претседателот на FIM, Хорхе Виегас.

„Ова е почетната точка која досега недостасуваше. Овие трки ќе им помогнат на младите и талентирани возачи да се искачат на подиумот со многу мал буџет.“

„Исто така, оваа иницијатива им помага на националните федерации да се најдат најгоре во системот бидејќи од нив зависи организирањето на националните серии и одбирањето на најдобрите возачи од секоја држава кои ќе настапат на финалето во Валенсија.“

„Dorna и FIM веќе неколку години работат на овој проект. Сега тој станува реалност“, вели Виегас.

Би можело да ве интересира

Шестата МотоГП трка во шампионатот се вози на легендарната патека Муџело во Италија.

Прва трка од Ендуро шампионатот за 2021 година, во организација на мото клуб Мото-Велес, Мотоциклистичка федерација на Македонија и Општина Велес.

По неколку месечни шпекулации, денеска Јамаха официјално го претстави новиот спортски мотор базиран на MT-07 платформата со име Yamaha R7.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Motul е официјален партнер на мотоциклите Kawasaki во Германија и соработката помеѓу Motul и Kawasaki резултираше во целосно ново масло, развиено исклучиво за мотоцикли Kawasaki - Kawasaki Lime Green Edition Motul 10W-40 - сега достапно во Македонија!

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.