Продолжува изградбата на патеката Мандалика која се наоѓа на Индонезискиот остров Ломбок. Според најавите, првата трка тука ќе се оддржи во 2021-ва година.
Трката веќе ја има на Супербајк календарот и планирано е да се оддржи на 14-ти ноември оваа година. Се очекува и МотоГП да ја додаде во сезоната 2022 а оваа година можно е да се оддржат тестови на патеката.
Првите луѓе на Dorna и FIM ја посетија локацијата за да проверат како се одвиваат градежните работи. Карлос Езпелета, Лорис Капироси и Франко Унчини се сретнаа со претставници на Индонезиската влада.
„Посетата на Ломбок беше многу успешна и можеме да потврдиме дека оваа патека ќе биде една од најважните во иднина. Исто така знаеме и колку е овој спорт популарен во Индонезија и колку им значи на фановите. Индонезија е клучен пазар не само за Dorna туку и за сите останати кои се дел од шампионатот“, изјави Езпелета.
„Сакаме да им искажеме благодарност на Dorna и Fim што дојдоа тука и направија технички преглед на патеката. Се помина добро и ние ги исполнивме нивните очекувања“, изјави Абдулбар Мансоер, претставик на Индонезиската влада задолжен за туризам и развој.„Сега откако знаеме кога ќе се оддржат трките на оваа патека можеме да се фокусираме и да го завршиме проектот. “
Иако се вика улична патека, оваа стаза е плански дизајнирана и се наоѓа на брегот на Индискиот океан. Има 17 свиоци (11 десно и 6 лево) и е долга 4.31 километар. Правецот на стартот/целта е долг 507 метри. Има седишта за 50 илјади лица а може да собере вкупно 138.000 посетители.