Останато

Прв преглед: Распоред за 2021 Endurance World Championship

Пристигна распоредот за сезоната 2021 од Endurance Светскиот шампионат.

Следете нè на:

Пристигна распоредот за сезоната 2021 од Endurance Светскиот шампионат.

Минатата сезона беше одбележана од големиот број на откажани трки. Оваа година шампионатот ќе почне во април со трката во Франција и ќе трае до октомври за кога е закажана трката во Португалија. Во меѓувреме, тимовите ќе отидат и до патеката Сузука во Јапонија.

На распоредот има две трки кои траат по 24 часа, две, осум часовни трки а на финалната трка во Есторил, ќе се оддржи 12 часовна битка.

„Сите големи трки повторно се дел од календарот со цел да им обезбедиме на фановите голема забава во пресрет на првата, 24H de Spa Motos трка која ќе се оддржи во јуни 2022 година“, вели Франсоа Рибеиро, прв човек на Eurosport Events.

2021 Endurance World Championship Schedule 2

„Уште еднаш ќе направиме се што е во наша моќ за да се осигураме дека ќе имаме интересен и исполнет календар“, вели претседателот на FIM, Хорхе Виегас. „Сакаме да имаме балансирано и возбудливо натпреварување.“

Suzuki Endurance Racing ја освои титулата во сезоната 2019-20. Дел од тимот беа Етиен Масон, Винсент Филипе (прва и втора рунда), Хавиер Симеон (трета и четврта рунда). Сите настапија со Suzuki GSX-R1000. „Многу сум среќен поради титулата!“, изјави Масон. „Уште од 2016 година се обидувам да дојдам до титулата. Имаше многу работи со кои морав да се справам но морам да признаам дека се функционираше перфектно уште од самиот старт. Натпреварувањето станува се потешко но ние никогаш нема да се откажеме.“

Распоред за 2021 Endurance World Championship Schedule

Round 1: April 17-18, 24 Heures Motos, Le Mans, France

Round 2: May 23, 8 Hours of Oschersleben, Germany

Round 3: July 18, Suzuka 8 Hours, Japan

Round 4: September 18-19, Bol d’Or (24-hour), Le Castellet, France

Round 5: October 16, 12 Hours of Estoril, Portugal

2021 endurance world championship calendar

Конечна табела: 2019-20 Endurance World Championship

Suzuki Endurance Racing Team, 167.5 points

Yamalube Yamaha EWC Official Team by YART, 149.5

C.C. TSR Honda France, 143.5

Wójcik Racing Team, 114.5

Team SRC Kawasaki France, 112

BMW Motorrad World Endurance Team, 108

VRD Igol Pirret Experience, 89

3ART Best of Bike, 83

Maco Racing Team, 63.5

Team LRP Poland, 50.5

Tati Team Beaujolais Racing, 35

Team Bolliger Switzerland, 30

Honda Asia-Dream Racing with Showa, 28

Motobox Kremer Racing #65, 26.5

TECMAS BMW GMC, 26

Би можело да ве интересира

Како што најави пред некоја недела, Honda го претстави својот нов турер на база на Africa Twic - NT1100

Асоцијацијата Железен задник или оригинално именувана Iron Butt Association е организација посветена на безбедни и долги патувања со мотор. Глобално има повеќе од 75.000 членови, а оваа есен, го доби и првиот член од Македонија.

Минатата недела, според најавата, во јавност се појави втората епизода од серијалот на Ducati новитети најавен пред еден месец. Овој пат во епизодата Mark your roots претставени беа два нови модели Ducati Scrambler 1100 Tribute PRO и Ducati Scrambler Urban Motard. 

Мото клубот GUARDIAN ANGELS MC на 16-ти октомври ќе го прослави својот 13-ти роденден, а воедно ќе биде организирана и 11-та крводарителна акција.

Да, добро прочита Kawasaki официјлано најави хибриден мотор кој, се разбира, комбинира електрична енергија и стандарден мотор со внатрешно согорување. 

MotoGP на Instagram ги повика фановите да ги испратат своите видео снимки како го поздравуваат докотор. 

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.