Останато

2021 Рели Дакар – прва етапа

Поранешниот двократен шампион на релито Дакар,Тоби Прајс, стигна до убедлива предност по завршувањето на првата етапа од релито Дакар која се возеше од Џеда до Биша.

Следете нè на:

Поранешниот двократен шампион на релито Дакар,Тоби Прајс, стигна до убедлива предност по завршувањето на првата етапа од релито Дакар која се возеше од Џеда до Биша.

На второто место се најде возачот на Honda, Кевин Бенавидес додека пак на третата позиција заврши Матијас Валкнер од Red Bull Factory KTM.

Актуелниот шампион, Марк Брабек, имаше лош старт на релито. Американецот се загуби на почетокот од 277 километри долгата етапа. После првите 37 километри тој веќе заостануваше 13 минути.

Конечниот резултат за Брабек беше 24-тата позиција а разликата со лидерот Прајс се искачи на 18 минути и 32 секунди.

Прајс сега има разлика од 23 секунди во однос на второпласираниот Бенавидес. Сепак, Австралиецот е свесен дека ова е само почеток на релито.

2020 dakar rally motorcycle results stage one 2

„Севкупно гледано, денот помина добро“, изјави Прајс. „Навигацијата беше малку проблематична, тешко беше да се најде вистинската патека и мислам дека маку се изгубив во последните неколку километри. Направив уште неколу други мали грешки но сепак мислам дека се помина во најдобар ред. Задоволен сум од тоа како поминав со мотоциклот и пневматиците бидејќи со новите правила мора да бидете дополнително внимателни. Сигурно ќе има големи промени на табелата но нашиот план е да бидеме конзистентни и да изгубиме што е можно помалку време. Се надевам дека на утрешната етапа нема да направам премногу грешки и дека ќе ја оддржиме добрата форма. “

2020 dakar rally motorcycle results stage one 3

На четвртата позиција по завршувањето на првата етапа од релито се најде победникот од 2017-та година, Сем Сандерленд (Red Bull KTM Factory Racing). Добар настап имаше и Лоренцо Савадори (Sherco Factory) кој на крајот заврши со заостанување од 4 минути и 24 секунди зад победникот.

Брабек останува оптимист знаејќи дека до крајот остануваат уште 11 етапи.

„Првата етапа беше тешка за навигација. Воопшто не беше брза.  Имаше многу камења и  мораше да се вози побавно. Внимавав на задната гума бидејќи со неа ќе мораме да возиме неколку дена. Се надевам дека на крајот се ќе заврши добро. Ова е само еден ден а до крај не очекуваат уште единаесет. Утре не очекува тежок ден, ќе има многу песочни предели но се надевам дека ќе надополниме дел од пропуштеното.“

Неговиот Американски колега, Скајлер Хокс (BAS Dakar KTM Racing Team) заврши на осмото место додека пак Ендрју Скот (Rockstar Energy Husqvarna Factory Racing) ја освои дванаесетата позиција.

2021 Dakar Rally Motorcycle Results—Stage One (top five)

1 Toby Price KTM 3h18m26s
2 Kevin Benavides Hon +31s
3 Matthias Walkner KTM +32s
4 Sam Sunderland KTM +02m03s
5 Lorenzo Santolino She +04m23s
8 Skyler Howes (USA) KTM +05m25s
12 Andrew Short (USA) Hus +08m10s
24 Ricky Brabec (USA) KTM +18m32s

2021 Dakar Rally Motorcycle Results—Overall (Stage One)

1 Toby Price KTM 03h43m58s
2 Kevin Benavides Hon +23s
3 Matthias Walkner KTM +01m12s
4 Sam Sunderland KTM +04m11s
5 Lorenzo Santolino She +04m59s
8 Skyler Howes (USA) KTM +05m45s
10 Andrew Short (USA) Hus +08m30s
24 Ricky Brabec (USA) Hon +17m04s

2021 Дакар - Prologue Day

Бранителот на титулата, Рики Брабек, го заврши „Prologue Day“ со предност од шест секунди пред тимскиот колега Јоан Бареда.

Етапата беше долга само 11 километри но сепак тоа не му пречеше на Брабек да ја открие намерата дека планира да стане првиот Американец кој два пати по ред ќе победи на релито Дакар. Дебитантот Даниел Сандерс (KTM Factory Team) имаше импресивен настап и постигна трето нејбрзо време. На крајот тој заврши со заостанување од  13 секунди зад Брабек.

2020 dakar rally results prologue day brabec 3

„Денеска имавме добар настап, иако стазата беше кратка. Нема што да се загуби ниту пак да се добие. Сега сме подготвени за самиот старт“, изјави Брабек. „Денеска имавме еден-два победа. Се надевам дека утре ќе продолжиме во ист стил. Трката е долга но мислам дека ја имаме вистинската стратегија. Сега е време да се одмориме и да се фокусираме.“

На четвртото место заврши Рос Бранч (Monster Energy Yamaha Rally Team), возачот кој сензационално победи на една етапа од минатогодишната трка. Петти беше Себастијан Бухлер.

2021 Dakar Rally Motorcycle Results—Prologue Day (top five)

1 Ricky Brabec Hon 06m01s
2 Joan Barreda Hon +06s
3 Daniel Sanders KTM +13s
4 Ross Branch Yam +14s
5 Sebastian Bühler Her +16s

Би можело да ве интересира

Како што најави пред некоја недела, Honda го претстави својот нов турер на база на Africa Twic - NT1100

Асоцијацијата Железен задник или оригинално именувана Iron Butt Association е организација посветена на безбедни и долги патувања со мотор. Глобално има повеќе од 75.000 членови, а оваа есен, го доби и првиот член од Македонија.

Минатата недела, според најавата, во јавност се појави втората епизода од серијалот на Ducati новитети најавен пред еден месец. Овој пат во епизодата Mark your roots претставени беа два нови модели Ducati Scrambler 1100 Tribute PRO и Ducati Scrambler Urban Motard. 

Мото клубот GUARDIAN ANGELS MC на 16-ти октомври ќе го прослави својот 13-ти роденден, а воедно ќе биде организирана и 11-та крводарителна акција.

Да, добро прочита Kawasaki официјлано најави хибриден мотор кој, се разбира, комбинира електрична енергија и стандарден мотор со внатрешно согорување. 

MotoGP на Instagram ги повика фановите да ги испратат своите видео снимки како го поздравуваат докотор. 

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.