Островот Ман е сè само не прошетка низ паркот. John McGuinness Повторно со Honda на Isle of Man TT! Длабок наклон!

John McGuinness

John McGuinness потпиша договор со Honda за уште еден настап на веројатно најлудата трка на сите времиња Isle of Man TT. Иако наликува на “чиче” што треба да шета по паркови без многу нагорнини наместо да се малтретира по трки, легендарниот McGuinness идната година ќе вози повторно на преубавиот остров со просечна брзина од околу 200km/h! Просечна! 2 0 0! На овие улички!? На негови 50 години?! Ова ќе му биде воедно и 100-ти настап! Со надеж да ја забележи својата 24-та победа, повторно се здружува со Honda која пак од друга страна го спојува повторно со CBR 1000RR-R Fireblade. Тоа е воедно уште еден јубилеј затоа што CBR-от слави 30-ти настап на оваа луда трка.

Заедно победуваа дури 12 пати и секако претставуваат една своевидна институција вредна за респект. 

По 2 години пауза заради пандемијата, организаторите ќе се потрудат да обезбедат побезбедни услови за натпреварување и тоа не зборуваме само за Ковид 19, туку за безбедноста на сите учесници. Па така конечно при квалификациите секој учесник ќе стартува и вози сам на патеката, ќе има нов дигитален сигнален систем за опасност наместо судиите со црвени знамиња за побрза реакција при судир или излетување, ќе има унапредена и побројна екипа за брза помош за физичкото и ментално здравје на учесниците... конечно. Разбирливо е сето ова ако се знае дека до сега животот го имаат загубено над 255 луѓе.

Секако најбезбедно би било да не се одржува воопшто, но оваа трка едноставно има смисол само за оние кои се навлечени на високите брзини.

А ако и ова не ви е доволно, тука е уште една исто така “возбудлива” трка лоцирана во Северна Ирска, наречена North West 200. Големите брзини се слични, но за да биде поинтересно се вози во група, па ако преживееш продолжуваш на Островот! И тука McGuinness и Honda го потврдија својот заеднички настап...

Распоредот е следен:

8-14 мај – North West 200
28 мај – 11 јуни Isle of Man TT

Живели!

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.