Останато

Monster Energy Honda се подготвува за враќање во Саудиска Арабија

За 20 дена, возачите на Monster Energy Honda ќе започнат нова авантура на релито Дакар, второ во Саудиска Арабија.

Следете нè на:

 

За 20 дена, возачите на Monster Energy Honda ќе започнат нова авантура на релито Дакар, второ во Саудиска Арабија.

За 20 дена, возачите на Monster Energy Honda ќе започнат нова авантура на релито Дакар, второ во Саудиска Арабија. Жоан Бареда, Кевин Бенавидес, Хозе Игнацио Корнехо и минатогодишниот победник Кевин Брабек ги завршуваат подготовките.

Жоан, имаш најмногу победи помеѓу возачите кои во моментов се дел од релито и трката во Саудиска Арабија за тебе ќе биде 12-то учество на релито. Дали твојот пристап кон трката се смени, сега кога имаш толкаво искуство?

„Не, навистина не. Секој настап на релито Дакар е различен и никогаш не можеш да се опуштиш. Секоја година пред стартот на трката се чуствуваш помалку нервозен. Ова рели се уште е  многу возбудливо за мене.  Велат дека сум еден од фаворитите и затоа морам да се потрудам повеќе за да ги исполнам очекувањата. Трката е долга а во минатото имало години кога се ни одело добро но имало и години кога не сме биле успешни. Севкупно гледано, имам добро чуство за претстојната трка.“

Dakar txt 1 18 12 2020

Кевин, победи на последното рели пред  Дакар, Андалузиското рели, каде учествуваа голем дел од возачите кои ќе ги сретнеш повторно во Саудиска Арабија. Што прави тоа на твојата самодоверба?

„Мислам дека тоа беше одличен старт на релито. Двата настани се многу различни но јас се чуствував удобно на мотоциклот. Таа трка беше многу важна за мене бидејќи, поради коронавирусот, беше единствената трка на која можев да се натпреварувам во текот на целата година. После тренинзите со Рики во Калифорнија, оваа победа ми помогна да ја зголемам самодовербата.“

Dakar txt 2 18 12 2020

Хозе, релито следната година за тебе ќе биде четврти настап на Дакар. Претходните години завршуваше на осмото, шестото и четвртото место. Секако, следен логичен чекор е место на подиумот?

„Се обидував да се подобрам и да учам секоја година. Успеав да стигнам до четвртото место што сметам дека е голем успех. Но за да победам ќе морам да се искачам три позиции погоре. Но тоа ќе биде голем предизвик бидејќи конкуренцијата е навистина силна. Имав добри подготовки и сигурен сум дека кога ќе пристигнам во Џеда ќе бидам во врвна форма.“

Dakar txt 3 18 12 2020

Рики, често велат дека е многу потешко да се одбрани победата. Дали ќе имаш поинаква стратегија за релито?

„Тоа е точно. Од вас се очекува повторно да победите и тоа само го зголемува притисокот. Да бидам искрен, едноставно ќе возам во текот на првата недела и дури подоцна ќе почнам да мислам на стратегијата. На Дакар не се победува после првата недела, но токму тогаш можеш да загубиш.“

Dakar txt 4 18 12 2020

Рики, ASO воведе некои нови регулации кои треба да ја направат трката побавна. Што мислиш околу тоа?

„Искрено, мислам дека никој нема да биде побавен со тоа. Ние сме тркачи и затоа ќе продолжиме да се тркаме. Фактот што овој пат имаме само шест задни гуми нема премногу да не забави но би можело да ги направи работите многу поризични.“

Dakar txt 5 18 12 2020

Рики, дали има некои промени на мотоциклот за 2021година?

„Минатата година мотоциклот беше доволно брз и издржлив и затоа не направивме никакви промени.  Има некои мали подобрувања, но машината главно е иста. Сигурен сум дека моторот ќе биде добар како и минатата година бидејќи повторно го користиме маслото на Motul.“

Dakar txt 6 18 12 2020

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Шесткратниот MotoGP шампион Марк Маркез ја заврши евалуацијата после операцијата која му беше направена во декември.

Возачот почина за време на транспортот од Џеда до Франција.

КТМ и формално потврди дека ќе биде дел од MotoGP уште пет години а до крајот на сезоната 2026 на патеката се очекува да има четири RC16 машини.

2021 Sepang MotoGP Shakedown е префрлен во Катар.

2021 Sepang Shakedown и официјалниот MotoGP тест се откажани.

2021 Kawasaki Ninja 400 пристигнува во две верзии, со и без ABS.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.