За само неколку часа и официјално ќе почне новата MotoGP сезона, а сите тимови кои се дел од шампионатот ќе се појават на патеката во Сепанг за првиот официјален тест оваа година.
Фабричкиот тим на Јамаха на денешниот настан ги претстави мотоциклите со кои Маверик Вињалес и Валентино Роси ќе се натпреваруваат во МотоГП шампионатот оваа сезона.
Браќата Марк и Алекс Маркез денеска во Џакарта (Индонезија) ги претставија боите на новата Honda RC213V со која ќе настапат во МотоГП шампионатот оваа сезона.
Благодарение на Пол Еспаргаро, КТМ се најде на првото место за време на 2020 Сепанг Shakedown тестот. Лоренцо се врати во тимот на Yamaha, а Априлија имаше одлични резултати.
Тродневниот тест првично беше замислен за проба на новите мотори пред официјалното тестирање кое ќе се оддржи од 7-ми до 9-ти февруари на истата патека.
Марк Маркез возеше мотоцикл за прв пат по операцијата на рамото која ја имаше пред два месеци во обид да дознае дали ќе биде подготвен за првиот МотоГП тест во Сепанг.
Тимот на Априлија соопшти дека ја очекуваат одлуката од дисциплинската комисија на ФИМ во врска со Андреа Ианоне, но Бредли Смит ќе ги превземе сите обврски до тогаш.