Алеш Еспаргаро и Aprilia заостануваа шест секунди зад победникот на првата трка од сезоната која се возеше во Катар.

После претходните лажни најави, многумина се сомневаа во тимот на Aprilia се додека не видат како тие ќе им се спротистават на останатите екипи.

За главниот возач на тимот, Алеш Еспаргаро, неделната трка во Катар покажа дека RS-GP е доволно брз и дека најдобриот мотоцикл на Aprilia кој е направен досега.

И покрај тоа што падна од осмото на десетото место со полн резервоар, Еспаргаро успеа да се избори за подобар пласман и на крајот заврши на седмата позиција со заостанување од 5.9 секунди зад победникот Маверик Вињалес.

Ова е најдобриот резултат на Aprilia откако почна четири тактната ера. Еспаргаро успеа да го победи фабричкиот мотоцикл на Ducati, најдобрата машина на Honda како и сите мотоцикли на КТМ.

А иако Еспаргаро и Aprilia го освоија шестото место на трката во Катар во 2017 година, тогаш од победникот заостануваа 7.7 секунди.

„Среќен сум. Имавме солидна трка. Покажавме дека пред-сезонските тестови не беа залудни, дека сме добри и дека можеме да се бориме со најбрзите возачи “, вели Еспаргаро.

„За жал има уште работи кои треба да ги научиме, особено на стартот на трката кога возиме со полн резервоар. На средина на трката успеав да претекнам неколку возачи а потоа со Мир се најдовме меѓу најдобрите. На крајот пак имав проблеми со задната гума.“

Aleix Espargaro txt 1 30 03

Но во секој случај Еспаргаро е задоволен бидејќи тимот се до последните два круга можел да се носи со најдобрите екипи.

„Кога возев во петта и шеста брзина имав мали проблеми. Мислев дека ќе можам да бидам на исто ниво со мотоциклите кои беа пред мене но за жал тоа не се случи. Загубив многу време на правецот.“

„Тоа треба да го подобриме но севкупно гледано мислам дека мотоциклот е добар, трката ја поминав без посериозни проблеми, електрониката функционираше добро а исто така добри беа и пневматиците и потрошувачката на гориво.“

„Мислам дека на следната трка ќе бидеме уште подобри“, вели Еспаргаро.

Еспаргаро открива и дека можел да се фокусира на освојување на петото место но наместо тоа се одлучил да одигра сигурно и да освои поени на првата трка од сезоната.

„На некој друга трка, кога ќе го имам истото чуство, можеби ќе притиснам повеќе, ќе се обидам да ги претекнам останатите возачи и да бидам меѓу првите пет. Но исто така, во тој момент многу лесно може да се направи грешка.“

„Ова е само прва трка и важно е да освоиме поени на сите трки. Затоа мислам дека имавме добар старт на сезоната.“

Еспаргаро вели и дека силниот ветер на патеката му направил проблеми во одредени моменти.

„Не сакав да се фокусирам на ветрот бидејќи можеби ќе се разбереше како да барам оправдување. Но искрено, за мене тоа беше голем проблем. Новиот мотоцикл е добар, стабилен а направивме и подобрувања во однос на забрзувањето. Но уште додека се загревавме имав проблем со ветерот“, вели Шпанецот.

„За време на квалификациите бев многу добар во свиоците 7, 8 и 9. Мислам дека бев трет најдобар возач во тој сектор. Но денеска имав проблеми. Ми беше тешко да влезам со мотоциклот во свиоците. Се надевам дека на следната трка нема да биде толку ветровито.“

Aleix Espargaro txt 2 30 03

Од друга страна, се чини дека поради ветерот и мотоциклите на Ducati не беа толку брзи.

„Токму така. Но се надевам дека еден ден и јас ќе бидам толку брз како нив“, вели Еспаргаро.

„Беше многу тешко да се управува нашиот мотоцикл во свиоците. Навистина бев разочаран после загревањето. Се обидов да ја ограничам штетата но не бев толку компетитивен колку што очекував. Можеби ова звучи како оправдување но се надевам дека на следната трка ќе бидеме подобри.“

Алеш имаше интересен крај на трката откако успеа да се одбрани од нападите на неговиот брат Пол, кој е нов возач на Repsol Honda. На крајот тој заврши со предност од 0.056 секунди.

„На таблата видов дека некој ми се приближува а потоа видов дека тоа е возачот со број 44. Веднаш си реков дека тој многу брзо се подобрува. И покрај ветерот кој беше за време на загревањето, тој беше добар“, вели Еспаргаро.

„За жал изгубив многу време обидувајќи се да го претекнам Милер. Тој имаше проблем со задната гума и со тракцијата. Но дури и вака е многу тешко за Aprilia да помине еден мотоцикл на Ducati.“

„Успеав да го претекнам и да притиснам повеќе но Пол повторно беше зад мене. Разликата меѓу нас беше можеби половина десетинка. Ако целната линија беше три метри подалеку, тој ќе ме поминеше.“

Неговиот тимски колега, Лоренцо Савадори, трката ја заврши на деветнаесетата позиција со заостанување од 41-на секунда зад Еспагаро.

Back To Top