MotoGP

Вињалес победи на првата трка од сезоната

Во интересна трка, возачот на Yamaha Маверик Вињалес стигна до првото место. Во последниот круг, Зарко и Бањаиа успеаа да дојдат до место на подиумот.

Следете нè на:

 

Во интересна трка, возачот на Yamaha Маверик Вињалес стигна до првото место. Во последниот круг, Зарко и Бањаиа успеаа да дојдат до место на подиумот.

Возачот на Monster Energy Yamaha MotoGP, Маверик Вињалес, имаше неверојатна трка и стигна до победа на Гран При трката на Катар. Шпанецот успеа да се пробие меѓу останатите возачи и на крајот заврши на првата позиција со разлика од една секунда зад второпласираниот Јоан Зарко (Pramac Racing). Пред самиот крај на трката, Зарко и Франческо Бањаиа (Ducati Lenovo Team) успеаа да го претекнат шампионот Жоан Мир (Team Suzuki Ecstar).

Стартот на трката беше навистина интересен. Бањаиа, Џек Милер (Ducati Lenovo Team), Зарко и Хорхе Мартин (Pramac Racing) успеаа да се пробијат напред а „holeshot“ уредот на Ducati работеше перфектно. Мартин имаше фантастичен старт и за кратко време се најде меѓу најдобрите четири возачи.

Машините на Ducati беа најбрзи на патеката. Бањаиа беше лидер а зад него се најдоа Милер, Зарко и Мартин. На правецот Зарко го претекна Милер и изби на второто место. После бавниот старт, фабричките мотоцикли на Yamaha се регрупираа и набрзо го претекнаа Мартин. Во истиот момент, Алекс Ринс и Жоан Мир, го напаѓаа новиот возач на Petronas Yamaha, Валентино Роси. Откако го претекнаа Роси, двајцата возачи на Suzuki се пуштија во потера на Мартин.

motogp qatar gp 2021 txt 2 29 03

Куартараро и Вињалес беа брзи, што е добро за Yamaha, но не може истото да се каже и за Морбидели кој после пет круга се наоѓаше на дваесетото место. На спротивниот крај, Бањаиа се обидуваше да има побавно темпо за да ги сочува пневматиците. Во свиокот број 15 Куартараро го претекна Милер. Возачот на Ducati се обиде да ја врати позицијата на правецот но Французинот успеа да се одбрани и ја зачува третата позиција.

Неколку круга подоцна, и Вињалес се обиде да го претекне Милер. Свиокот број 10 беше местото кое Шпанецот го одбра за напад а Милер набрзо се најде на петото место. Ринс пополека се приближуваше до врвот и набрзо се најде зад Милер. Во меѓувреме, Вињалес покажа дека не му се допаѓа да вози зад Куартараро.

На 12 круга до крај на трката, Вињалес беше на третото место со заостанување од неколку десетинки зад Зарко. Веќе следниот круг тој го претекна Зарко и изби на второто место. Како што трката влегуваше во втората половина, Ринс успеа да го помине Куартараро. Зад Французинот беа Мир и Алеш Еспаргаро (Aprilia Racing Team Gresini). Ова беше навистина интересна борба.

Предноста на Yamaha на средина на свиоците беше очигледна. Истото може да се каже и за Ринс и за мотоциклите на Suzuki во споредба со машините на Ducati. Свиокот број 10 уште еднаш беше изборот на Вињалес и за прв пат на трката, лидер не беше Пеко. Во петнаесетиот круг Вињалес изби напред а разликата меѓу првите осум возачи беше 2.3 секунди. Пол Еспаргаро (Repsol Honda Team), кој се наоѓаше на деветото место заостануваше 3.5 секунди зад лидерот.

motogp qatar gp 2021 main 29 03

На шест круга до крај, Вињалес имаше предност од половина секунда. Зарко успеа да го претекне Бањаиа и дојде до втората позиција додека пак Мир го помина Милер во борбата за петото место. Двата мотоцикли на Suzuki уште еднаш покажаа дека се дел од најдобрите машини на патеката. На пет круга до крај, Вињалес и Зарко почнаа да се одделуваат од останатите возачи. Вињалес имаше предност од 0.7 секунди во однос на Зарко кој пак му бегаше на Бањаиа една секунда. Веднаш зад нив беше Мир кој беше подобар од тимскиот колега, Алекс Ринс.

Борбата за место на подиумот беше во полн ек. Во свиокот број 6, Мир успеа да го претекне Бањаиа а наскоро и позицијата на Зарко беше во опасност. На два круга до крај, Вињалес беше напред а борбата се фокусираше на останатите позиции. Зарко добро се бранеше од нападите на шампионот а и Пеко беше во близина.

Во последниот круг, Мир очајно се обидуваше да го претекне Зарко. Тоа му успеа дури во свиокот број петнаесет. Еден свиок и правецот го делеше Мир од местото на подиумот. Сепак, двата мотоцикли на Ducati покажаа колку се брзи на правецот. Вињалес прв ја помина целната линија а Мир премногу широко влезе во последниот свиок. Тоа им овозможи на Зарко и Бањаи да го претекнат GSX-RR и да дојдат до второто и третото место. Спектакуларен крај на една фантастична трка.

Куартараро ја заврши трката со заостанување од три секунди зад тимскиот колега. На крајот, Французинот беше за неколку десетинки подобар од Ринс. Алеш Еспаргаро заостануваше дополнителни 2.5 секунди и со Aprilia заврши на седмото место. Алеш беше подобар од неговиот брат, Пол, за 0.056 секунди. Вториот од браќата Еспаргаро имаше фантастично деби во Repsol Honda.

После првите неколку круга, формата на Милер почна да опаѓа. Возачот со број 43 на крајот заврши на деветата позиција, позиција на која не се надеваа ниту тој ниту пак неговиот тим, Ducati. Најдобар дебитант беше актуелниот Мото2 шампион, Енеа Бастианини (Esponsorama Racing). Место меѓу најдобрите десет возачи е одличен резултат за еден дебитант.

Стефан Бредл (Repsol Honda Team) повторно беше замена за Марк Маркез. Германецот заврши на единаесетата позиција а Роси беше дванаесетти. Роси, иако стартуваше од четвртата позиција, заедно со тимскиот колега Морбидели имаа лош настап. Морбидели на крајот заврши на осумнаесетата позиција и не успеа да освои поени. Мигел Оливеира (Red Bull KTM Factory Racing), беше најдобриот возач на КТМ и заврши на тринаесетото место. Бред Биндер и Мартин ги освоија последните две места кои носат поени.

Одличен старт на новата сезона. Вињалес беше незапирлив а Зарко и Бањаиа покажаа дека Ducati се опасни на патеките кои им одговараат. Мир покажа зошто тој и Suzuki се шампиони. Првата трка од сезоната е веќе зад нас а сега со нетрпение ја очекуваме втората трка која се вози на истата патека.

Би можело да ве интересира

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.

МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.