Пол Еспаргаро заостануваше шест секунди во однос на победникот на деби настапот во Repsol Honda MotoGP.

Половина од оваа разлика беше направена веќе по завршувањето на првиот круг од трката во Катар.

Стартувајќи од дванаесетото место, Шпанецот го заврши првиот круг со заостанување од 3 секунди зад лидерот Франческо Бањаиа. Разликата постепено се зголемуваше и веќе до седмиот круг таа изнесуваше 5.2 секунди. Сепак, работите потоа се подобрија за Еспаргаро и веќе во четиринаесетиот круг таа изнесуваше 3.3 секунди.

Но откако победникот Маверик Вињалес го претекна Бањаиа, темпото почна да се зголемува и Еспаргаро не можеше да го следи. На крајот, возачот со број 44 заврши со заостанување од +5.990 секунди зад победникот и само неколку метри зад неговиот брат Алеш (Aprilia).

„Осмата позиција не е местото кое го посакував но морам да признаам дека имав два проблеми“, вели Пол. „Првиот беше на стартот на трката. Дефинитивно е тешко кога стартувате од дванаесетото место. Второ е тоа дека поради полниот резервоар во првите неколку круга, загубив драгоцено време во споредба со останатите возачи.“

pol espargaro txt 2 31 03

Машината на Honda е позната по сопирањето а токму тоа им помага на возачите да го надополнат загубеното време. Но ако премногу притискате на сопирачката, лесно може да паднете.

„Ми се допаѓа како функционираат сопирачките кај мотоциклот. Тие прават голема разлика. Но во исто време, колку повеќе ги употребувате, одите по лимитот и лесно може да паднете.“

„Исто така, кога резервоарот е полн, голема улога игра и предниот дел од мотоциклот. Тогаш работите стануваат екстремно тешки, особено на стартот на трката. Лесно е да направите грешка и да се најдете надвор од патеката. Ако сте пак веќе на лимитот и морате да кочите, тогаш лесно можете да паднете.“

„На стартот на трката бев многу внимателен и бавен бидејќи не сакате да направите грешка.“

„Мислам дека сега подобро го знам мотоциклот и подготвен сум да имам подобар старт на секоја трка. Тоа ми недостигаше на оваа трка, треба да имам подобри перформанси во првите неколку кругови. Ако го направам тоа и стартувам од подобра позиција, многу полесна ќе ми биде секоја трка и сигурно ќе завршувам на подобро место.“

„Веќе во вториот круг заостанував три секунди а на крајот завршив со разлика од 5.9 секунди. За 20 круга, загубив само 2.9 секунди во однос на Маверик. Тоа не е многу со оглед на тоа дека долго време се наоѓав зад неколку побавни возачи.“

„Резултатот е навистина интересен. Дури и ако бев бавен на стартот завршив со заостанување од 5.9 секунди. Гневен и разочарам сум што завршив на осмото место. Но барем освоивме поени и сега сме подготвени за втората трка на која сигурен сум дека ќе бидеме подобри.“

„Многу научив од оваа трка и горд сум на работата која ја завршив тука. Но ако сакаме да ја исполниме нашата цел, а тоа е да се бориме за титулата, следната трка не смееме да завршиме на осмото место. Мораме да бидеме малку подобри.“

„Знам дека тоа е тешко, но после она што го научивме на последната трка, мислам дека тоа е возможно.“

pol espargaro txt 1 31 03

Пол ја загуби седмата позиција од неговиот брат, Алеш, а разликата меѓу двајцата возачи изнесуваше само 0.056 секунди.

„Кога го стигнав Алеш, пневматиците беа навистина оштетени. Се обидов на правецот и ако тој беше малку подолг, тогаш мислам дека ќе го поминев. Но за жал, задоцнив 50 милисекунди.“

Тимскиот менаџер Алберто Пуиг вели: „Првата трка која Пол Еспаргаро ја имаше со нашата машина е позитивна. Вистина е дека имаше проблеми за време на тренинзите, неколку пати падна. Но на трката можеше да се види очигледниот напредок. “

„Го видовме стартот на Пол а потоа и инцидентот со Мир, тоа го врати малку назад. Но вакви работи се случуваат на трките. Потоа видовме како круг по круг, Пол се подобруваше и ги претекнуваше останатите возачи.“

„Мислам дека да имаше уште два или три круга, ќе се доближеше на групата возачи која беше пред него.“

„Заостануваше шест секунди зад лидерите а кога ќе ги одземете трите секунди кои ги загуби во првиот круг, крајниот резултат е уште поимпресивен. Ние сме навистина задоволни од неговите перформанси. По завршувањето на трката тој ни обезбеди корисни информации.“

Неговиот тимски колега, Стефан Бредл, кој го замени повредениот Марк Маркез, заврши на единаесетото место.

Back To Top