Во пресрет на трката во Катар, Јохан Зарко планира второто место кое го освои на последната трка да го замени со победа.

Јохан Зарко постигна најдобар пласман во кариерата на трката која се возеше во Катар. Сега, тој сака да оди еден чекор погоре.

Французинот вели дека забрзувањето при излегување од свиоците им помогнало на Вињалес и Yamaha да стигнат до победа за време на трката која се возеше минатиот викенд. А со оглед на тоа дека големата брзина која ја има машината на Ducati не им помогна многу поради времето кое го загубија при излегување од свиоците, Зарко се надева дека промената на сетапот ќе му овозможи да дојде до првото место.

На прашањето што му е потребно за да го замени второто со прво место, Зарко вели: „Секогаш е тешко да се менаџира конструкцијата на пневматиците. Тоа што останав зад Пеко а потоа и што можев да го следам Маверик, мислам дека ми помогна да бидам компетитивен до самиот крај.“

„Возачот кој е лидер на трката на почеток, може да има проблеми во втората етапа од трката. Но во исто време, треба да бидеме и брзи.“

„Ајде да видиме што ќе се случи во недела. Нашата цел е да се бориме за победа а не само за место на подиумот.“

zarko qatar txt 1 02 04

Добро е познат рекордот на Ducati на патеката во Катар откако во сезоните 2018 и 2019 тука победи Андреа Довициозо.

А со оглед на брзината која ја покажаа нивните мотоцикли за време на тестовите, тренинзите и квалификациите, ќе биде разочарување за сите ако не постигнат победа на трката во Лосаил.

Сепак, поранешниот Мото2 шампион не се сложува со ваквото мислење.

„Не треба да бидеме загрижени ако не постигнеме победа тука во Катар. Ние и понатаму сме компетитивни. Ако успееме да завршиме на подиумот, тоа е добар знак за во иднина.“

„Целта е победа и знаеме дека сме способни за тоа. Мораме да ја искористиме шансата и да се обидеме да немаме проблеми со задната гума. “

Back To Top