MotoGP

Катар МотоГП: Милер: Среќни сме од работата што ја заврши Довициозо

Џек Милер е среќен што ќе го преземе лидерското место во Ducati.

Следете нè на:

 

Џек Милер е среќен што ќе го преземе лидерското место во Ducati.

Најбрз на тестот во Катар, Џек Милер ја почнува новата сезона не само како еден од фаворитите за победа на првата трка од сезоната туку и за освојување на титулата. После три сезони во Pramac, Австралиецот во Лосаил ќе дебитира во фабричкиот тим на Ducati.

А откако Андреа Довициозо и Данило Петручи ја напуштија екипата по завршувањето на минатата сезона, Милер стана најискусниот возач на Ducati кои ќе биде дел од шампионатот.

„Се чини дека е така. Сега сум најискусен возач во тимот, иако Зарко е малку постар“, вели Милер.

„Но во однос на трките, мислам дека имам поголемо искуство и среќен сум што ќе ја преземам таа улога.“

„Мислам дека мотоциклот е на ова ниво благодарение на Андреа и тоа што тој го направи во текот на последнните неколку години. Имавме голема среќа што тој беше дел од тимот и се надевам дека јас нема да ги расипам работите.“

Miler txt 26 03

Со позицијата фабрички возач доаѓаат и поголемите очекувања но и притисок. За време на последната прес конференција, покрај споредбата меѓу него и Кејси Стонер, Милер доби прашање и за тоа дали е еден од фаворитите за титулата.

Милер веднаш порача дека нема сличности меѓу него и Стонер и дека не очекува да има иста сезона како и Австралискиот возач во 2007 година.

„Од време на време ми праќа пораки но сосема е погрешно да ме споредувате со него. Она што тој го направи во 2007 година е навистина спектакулатно и мислам дека никогаш нема да се повтори“, додава Милер.

„Како што кажавте, првиот пат кога бев фаворит за титулата беше кога бев дел од Мото3 и возев за KTM Red Bull. Тогаш немав победа ниту пак се искачив на подиумот. Сега сум постар и мислам дека сум доволно подготвен.“

„Добро ги познавам сите возачи кои се дел од серијата, освен дебитантите, но дури и со нив сум се натпреварувал порано. Се чуствувам подготвено но ќе видиме што ќе се случи. Минатата сезона беше долга а оваа сезона мислам дека ќе биде уште подолга.“

Би можело да ве интересира

Со новиот R 18 Transcontinental, BMW ја надополнува својата R 18 фамилија со т.н. голема американски турер. На овој модел се надоврзува и т.н. бобер, модел кој е именуван едноставно како R 18 B.

Кал Крачлоу ќе го замени возачот на Petronas Yamaha SRT, Франко Морбидели на двете трки во Австрија и следната во Велика Британија.

И покрај тоа што челниците на KTM во 2015 година најавија дека нема повеќе да прават супер брзи мотори кои припаѓаат на патеките а не на улиците, сепак еве демант, барем во некоја рака. 

Дани Педроса, сега тест возачот на Red Bull KTM Factory Racing за прв пат на патеката во Австрија ќе се појави со KTM RC16 во натпреварувачка конкуренција. 

Givi во својата богата понуда вклучи и универзално светло чија задача ќе биде да ја осветлува внатрешноста на вашиот куфер. 

Од чилеанскиот Каретера аустрал до украинските карпати, од канадските прерии до европските најпопуларни места за возење, глобалната мото заедница за прв пат се обедини и возеше, и виртуелно и физички, на првиот THE WORLD ADVENTURE WEEK организиран од страна на KTM и апликацијата Riser.

Реклами

Листа на мото настани

  • 30 Јули 2021 - 01 Август 2021
  • Мотодом Џинка
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.