MotoGP

Катар МотоГП: Милер: Ни требаат седум секунди за седум дена

Новиот возач на фабричкиот тим на Ducati, Џек Милер, падна од третото на деветото место на првата трка од сезоната која се возеше во Катар.

Следете нè на:

 

Новиот возач на фабричкиот тим на Ducati, Џек Милер, падна од третото на деветото место на првата трка од сезоната која се возеше во Катар.

Најбрз за време на пред-сезонскиот тест и стартувајќи од петиот ред на патеката, Џек Милер очекуваше дека ќе се бори за место на подиумот на деби настапот во тимот на Ducati.

Првично, се се одвиваше според претходно планираното. GP21 возачите го искористија новиот „ double holeshot “ уред, напред и позади, кој го има мотоциклот на Ducati и за брзо време ги окупираа првите четири места.

Но веќе од осмиот круг, формата на Милер почна да опаѓа. Иако Австралиецот на кратко се врати, во последните девет круга повторно постепено почна да паѓа надолу на табелата.

„Имавме навистина добар старт, можев веднаш да притиснам, можеби не толку силно на самиот старт. Но кога Вињалес ме претекна си реков дека сега е моментот да ја подобрам брзината и да постигнам подобро време “, вели Милер.

„Но тогаш почнав да имам проблеми со задната гума кога сум некаде на средина на свиоците. Се обидов да ја оддржувам гумата на стартот на трката но не успав во тоа.  Треба убаво да видиме што правиме погрешно.“

jack miler txt 1 30 03

„Како што кажав, се чуствував добро на третото место и покрај тоа што ме претекна Зарко. “

„Најголем проблем имав со свиоците на десната страна. Во свиокот број 5, кога го следев Вињалес, ја користев задната сопирачка и тогаш го загубив чуството на задната гума. Кога тоа ќе се случи навистина е тешко да имате добра брзина кога ќе излезете од свиокот.“

„Треба добро да видиме што треба да смениме.“

„Секако дека не сакаме да бидеме на деветото место но за жал таква е ситуацијата. 9 поени е подобро од  0 но треба да ги анализираме податоците.“

„Малите падови кои ги имав на попладневната сесија влијаеа врз мојата самодоверба но во секој случај денеска се чуствував добро.“

„Мислам дека имав брзина да се борам за победа. Барем половина од трката. Едноставно, мораме да најдеме дополнителни седум секунди за седум дена. “

jack miler txt 2 30 03

Ветерот им правеше проблем на мотоциклите на Ducati во обидот да дојдат до максималната брзина но Милер негира дека морале да го сочувуваат горивото.

„Ветерот не беше идеален тој тој беше ист за сите. Дефинитивно не беше полош отколку попладнето но во секој случај не беше ниту пријатно“, вели Милер.

„Катар е добра патека бидејќи има долг правец. Но на остатокот, освен можеби на свиоците 10 и 11, воглавно си играте со гаста. Не е како во Австрија. Воопшто не ни влијаеше врз горивото или нешто такво слично.“

Мотоциклите на Ducati завршија на второто и третото место, веднаш зад победникот Маверик Вињалес, откако Јохан Зарко и Франческо Бањаиа успеаа да го победат шампионот Жоан Мир пред целната линија.

„Цело време зборував дека Suzuki не го покажуваа целиот потенцијал за време на тренинзите“, вели Милер.

„Како и многупати во минатото, тие успеаа да ги сочуваат пневматиците и да бидат добри до самиот крај. Мир беше многу блиску до место на подиумот. Маверик исто така имаше одлична трка.“

Би можело да ве интересира

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.

МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.