Марк Маркез, заедно со медицинскиот тим од болницата Ruber internacional, одлучија дека е прерано тој да се врати на патеката за првата трка од сезоната која ќе се вози овој викенд во Катар.

По завршувањето на прегледот кој беше направен врз Шпанскиот возач, 15 недели после операцијата на десната рака, беше утврдено дека повредата добро заздравува и дека веќе ја нема инфекцијата поради која тој мораше да замине на третата операција.

Сепак, со оглед на временскиот период и состојбата на коската која заздравува, докторите сметаат дека неопходно е да не се избрзува со негово враќање на патеката за да не дојде до повторно преоперетување на коската. На 12-ти април, Маркез ќе има уште еден преглед.

 DSC4325 copy copy copy copy copy

Марк Маркез:

„По завршувањето на последниот разговор со медицинскиот тим, докторите ме советуваа дека во моментов најдобро е да не бидам дел од трката во Катар и да продолжам со процесот на рехабилитација. Имав голема желба да бидам дел од првата трка од сезоната. Сега ќе мораме да продолжиме да работиме со цел да бидам добро подготвен и да се вратам во шампионатот.“

Back To Top