MotoGP

Распоред за следење на МотоГП Доха 2021

Викендов се вози втората трка од МотоГП шампионатот. Погледнете го распоредот за викендот и не заборавајте, МотоГП трката во недела започнува во 19 часот по наше време.

Следете нè на:

 

Викендов се вози втората трка од МотоГП шампионатот. Погледнете го распоредот за викендот и не заборавајте, МотоГП трката во недела започнува во 19 часот по наше време.

Прекрасната патека Лосаил лежи на работ од Доха, главниот град на Катар. Беше изградена за помалку од една година, а нејзината изградба чинеше 58 милиони американски долари, и вклучи ангажирање на повеќе од 1000 работници кои деноноќно работеа за патеката да биде подготвена пред почетокот на првата трка во 2004 година.

katar motogp

Патеката има должина од 5,4 километри, а обиколена е со вештачка трева која треба да го спречи песокот од околината да навлезе на патеката. Составена е од 16 свиоци од кои 6 се леви, а 10 десни. Најдолгиот правец изнесува 1068 метри, а најголемата брзина забележана на патеката изнесува 351,2 км/ч.

Со поставувањето на надворешното осветлување, во 2008 за прв пат во историјата се возеше ноќна трка, нешто по што остана препознатлива трката за Големата Награда на Катар.

Возбудувањата започнуваат утре (петок) според следниот распоред:

Петок 02.04.2021 | Спорт Клуб 3
12:50 MOTO GP: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 1
13:45 MOTO GP: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 1
14:40 MOTO GP: MOTO GP – ТРЕНИНГ 1
17:10 MOTO GP: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 2
18:05 MOTO GP: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 2
19:00 MOTO GP: MOTO GP – ТРЕНИНГ 2

Сабота 03.04.2021 | Спорт Клуб 3
12:25 MOTO GP: MOTO 3 – ТРЕНИНГ 3
13:20 MOTO GP: MOTO 2 – ТРЕНИНГ 3
14:15 MOTO GP: MOTO GP – ТРЕНИНГ 3
16:30 MOTO GP: MOTO 3 – КВАЛИФИКАЦИИ
17:25 MOTO GP: MOTO 2 – КВАЛИФИКАЦИИ
18:20 MOTO GP: MOTO GP – ТРЕНИНГ 4
19:00 MOTO GP: MOTO GP –  КВАЛИФИКАЦИИ

Недела 04.04.2021 | Спорт Клуб 3
16:00 MOTO GP: MOTO 3 – ТРКА
17:20 MOTO GP: MOTO 2 – ТРКА
19:00 MOTO GP: MOTO GP – ТРКА



Би можело да ве интересира

Овој систем прв пат беше употребен на трката во Лосаил.

Во било која друга година, пад на продажбата од 10% би значело и барање на оставка од претседателот на бордот на директори на компанијата.

МотоГП тимот на Репсол Хонда во денешното соопштение го потврди враќањето на Марк Маркез на патеката.

Сите работи кај R18 крузерите на BMW се огромни.

Suzuki почна да објавува информации за GSX-S1000.

Поранешните натпреварувачи се одлични аналитичари на трките со мотоцикли. Тие разбираат како функционираат тркањето и мотоциклите и обезбедуваат фантастичен увид во спортот.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.