Дани Педроса дојде до 27-та победа во својата кариера, прва по онаа во Брно во 2014 година, откако стартуваше од шестата позиција на патеката Мотеги за ГН на Јапонија.
Возачот на Јамаха тимот во МотоГП, Хорхе Лоренцо, дојде до 4-та пол позиција во сезоната по фантастичната борба со својот клубски колега Валентино Роси на патеката Мотеги.
Ѕвездите на МотоГП шампионатот веќе се во Азија, патеката Мотеги викендов ќе биде домаќин на 15-та рунда од вкупни 18 по кои треба да биде познат новиот МотоГП шампион.
Водечкиот во генералниот пласман во МотоГП шампионатот, Валентино Роси, изјави дека сè уште е рано да се размислува за трки во кои ќе брка поени наместо победи.
Марк Маркез на 10-та рунда од МотоГП шампионатот која се возеше на патеката Индијанаполис во САД извојува победа која за тимот на Хонда е вкупно 700-та Гранд При победа од 1961 година до сега.