MotoGP

Хорхе Лоренцо се надева дека за брзо време ќе го реши прашањето околу својата иднина

Актуелниот MotoGP светски шампион Хорхе Лоренцо изјави дека се надева дека прашањето околу неговата иднина ќе биде набрзо решено бидејќи се ближи сезоната 2017.

Следете нè на:

 

Постои можност на крајот на сезоната сите возачи да станат слободни агенти, а три кратниот светски шампион сигурно ќе биде еден од возачите кој ќе биде најмногу баран.

Минатата сезона Хорхе Лоренцо се бореше со својот тимски колега од Yamaha за титулата. И двајцата потпишаа договор за оваа сезона пред да се случи целото недоразбирање. Лин Џарвис неодамна изјави дека Роси и Лоренцо се одличен тим додека пак Валентино Роси изјави дека или ќе вози за Yamaha или воопшто нема да вози во сезоната 2017. Тоа би значело дека ако видиме некаква промена во Yamaha, светскиот шампион најверојатно си заминал.

jl99 2016Дали Лоренцо ќе остане во Јамаха и во 2017?

Лоренцо и Ducati отсекогаш имале близок однос без да имаат потпишано некаков договор. Ducati му понуди на Лоренцо огромен договор во 2010, а истото го сторија и во 2014 година. Токму од таа причина, Шпанецот потпиша само едно годишен договор, пред да го продолжи истиот минатата сезона. И покрај тоа што односот меѓу Лоренцо и потпретседателот на HRC, Шухеи Накамото е добар, двете страни се уште немаат разговарано за соработка.

„Неодамна открив дека подобро возам кога сум сигурен околу мојата иднина,“ изјави Шпанецот за motorsport-total.com.

„Не го забележав тоа, но потсвесно ми влијаеше додека возев. Но не се брзам, можам да почекам неколку трки или до средина на сезоната бидејќи верувам во моите и во квалитетите на мојот мотоцикл.“

„Но сепак, ако си ја знаеш иднината пред почетокот на првата трка, тогаш не само јас, туку и сите други возачи се порелаксирани.“

„Не се брзам, но можеби е подобро да ја разјасниме мојата иднина пред стартот на сезоната.“

И покрај тоа што е атрактивна опција за Ducati, Honda па дури и за Suzuki, Лоренцо неколкупати до сега има изјавено дека сака да ја заврши кариерата во Yamaha. После поминати осум сезони со нив и освоени три шампионски титули, ништо не сугерира дека сака да ја промени таа своја одлука. Исто така и можноста за пензионирање на Валентино Роси, многу ќе и помогне на Yamaha.

Како и да е, оваа сезона се чини дека ќе биде една од најинтересните до сега.

 

Би можело да ве интересира

Yamaha YZF-R1 GYTR е навистина специјална машина и поради таа причина од неа ќе бидат произведени само 20 примероци.

Дебитантот во MotoGP, Мигел Оливеира имаше чест прв да вози низ новиот, 8.3 километри долг тунел кој ги поврзува Грац и Шпилберг – местото каде што се наоѓа Red Bull Ring.

Дохан зборува за Маркез, дали КТМ е подготвен да одговори на барањата на своите нови возачи, Џиџи Дал’Игна во однос на правилата за тежина, Мигел Оливеира кој со RC16 помина низ тунел долг 8 километри...

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.