Младиот Австралијанец се здоби со тешка повреда на десната нога за време на тренингот во Белпуиг, Шпанија на 17-ти Јануари.
Џек Милер е принуден да го пропушти првиот MotoGP тест за оваа сезона поради повредата на ногата која ја доби на тренинг.
Младиот Австралијанец се здоби со тешка повреда на десната нога за време на тренингот во Белпуиг, Шпанија на 17-ти Јануари.
Од тимот на Marc VDS Racing, потврдија дека дваесет и едно годишниот возач нема да биде подготвен за да го вози Honda RC213V, мотоциклот кој прв пат го проба на пост сезонскиот тест во Валенсија во 2015 година.

Тимскиот менаџер Мајкл Бартоломју, сепак е убеден дека Милер ќе биде подготвен за вториот тест кој ќе се оддржи на 17-ти февруари на Филип Ајленд
Штета што Џек не е во можност да настапи на тестот во Сепанг, но се надеваме дека ќе биде доволно подготвен да ни се придружи за вториот тест кој ќе се оддржи на Филип АјлендМајкл Бартоломју
За Милер ова ќе биде втора сезона во MotoGP откако премина од Moto3 во премиерната класа.

Коментари