Помина долго време откако последен пат имавме таква еднаквост во премиерната класа, особено во делот на суспензијата.

Оваа сезона Шведскиот производител Ohlins ќе биде единственото име на патеката. Единствените два тима кои ја користеа суспензијата на Showa во текот на минатата сезона не се веќе тука или го променија производителот.

Последниот тим кој имаше Showa суспензии беше Gresini, но тоа се случи во 2014 година. Откако спонзорот GO&FUN ги напушти, тимот кој беше воден од Фаусто Гресини не успеа да ги собере парите кои му беа потребни да ги обезбеди машините на Honda. Поради тоа беше приморан да одбере други мотоцикли.

Во 2015, тимот Gresini ги користеше машините на Aprilia за своите возачи Штефан Брадл и Алваро Баутиста.  Договорот им важи до 2016 година.

Минатата сезона, Cardion AB користеше мотоцикл на Honda кој беше опремен со Showa суспензија. Сепак, Чешкиот тим стави крај на својата авантура во MotoGP по само неколку години откако нивниот возач Карел Абрахам помина повеќе време надвор од патеката, опоравувајќи се од повредите, отколку што се натпреваруваше. 

Cardion AB нема да биде дел од MotoGP оваа сезона бидејќи се повлекоа од MotoGP. Карел Абрахам ќе се испроба оваа година во Супербајк шампионатот со тимот на Milwaukee BMW. Барем засега, тоа го означува крајот на Showa суспензиите во премиерната класа.

Интересен податок, Showa, која е во сопственост на Honda, се обиде да го убеди HRC да ги користи нејзините суспензии, но не успеа во тоа. Се чини дека технологијата на Ohlins е многу понапредна во споредба со онаа на Јапонскиот производител.

motogp showa

Во секој случај, монополот на Ohlins нема да трае долго. Во 2017, KTM ќе се вратат во MotoGP со комплетен фабрички тим и два мотоцикли кои комплетно ќе бидат произведени од Австријците. Под ова се подразбира дека тие ќе користат и сопствени суспензии, обезбедени од WP.

Со право можеме да кажеме дека монополот на Ohlins ќе трае се до трката во Валенсија оваа сезона, кога ќе дебитира тимот на KTM со помош на вајлд карта. WP одлично ја врши својата работа во Moto2 шампионатот. Минатата сезона, Џонатан Зарко ја освои титулата.

Во Moto2, WP е во предност. 16 тимови ги имаат избрано Австријците, а 15 тимови се определија за Швеѓаните. Само два тима се определија за KYB.  Останува да видиме дали WP вака ќе се прошири и во премиерната класа.

Back To Top