Кејси Стонер денеска потврди дека сеуште нема договор со тимот на Дукати за евентуален негов настап со вајлд карта на некоја од МотоГП трките оваа сезона.

Во разговорот со новинарот на „MCN“ Кејси Стонер негираше дека веќе е постигнат договор за негов настап во 2016, но потенцираше дека можно е тоа да се случи иако нивниот приоритет во моментот е развојот на моторот.

Дукати сака да извозам барем една трка со вајлд карта, можам да го направам тоа кога сакам, но за сега за мене важно е да го подготвам моторот. Потоа кога ќе се укаже шанса би можел да возам и трка - изјави Стонер.

За Стонер е јасно дека доколку се врати на патеката нема да се вози со задниот дел од колоната, напротив тој може да ги спореди времињата кои ги направи минатата година со оние од неговите колеги од Дукати, и покрај тоа што цели 3 години беше надвор од патеките. Стонер неколкупати во изјавите потенцираше дека за него главниот фокус во моментот е да го врати Дукати на победничките патеки.

Јас не се повлеков од шампионатот затоа што бев бавен, се повлеков во момент кога сеуште можев да го освојам шампионатот. Знаете, кога побарав да го заменам Дани Педроса на трката Тексас тоа беше затоа што знаев дека сум брз. Погледнете ги моите времиња од тестирањето на Сепанг во февруари минатата година, многу се блиски до оние на Дани Педроса од трката. Кејси Стонер.

Јасно е дека фановите ширум светот посакуваат Стонер да се врати во шампионатот, ќе биде тоа празник за очи, а ние се надеваме дека во моментот тој го подготвува моторот за неговото враќање во 2017 година.

stoner 2015

Back To Top