KTM на големо се подготвува за враќање на патеката, тие ќе ги имаат MotoGP ветеранот Ренди Де Пуние и Том Лути како тест возачи.

Тимот на KTM на големо се подготвува за враќање на патеката. Тие додадоа двајца нови членови на нивниот тим. Според една порака што беше објавена на Twitter, KTM ќе ги има MotoGP ветеранот Ренди Де Пуние и Том Лути како тест возачи. Тие ќе бидат надополнување на Мика Калио и Алекс Хофман.

Се обидовме да ја најдеме пораката на KTM но не успеавме. Се што успеавме да најдеме е една слика која е објавена од gp-inside.

ktm confirms randy de puniet and tom luthi as test riders 2

Оваа информација потекнува од кредибилен извор, а исто така и потегот на KTM има смисла. Австрискиот тим има многу работа пред нивниот официјален настап на трката во Валенсија, која е последна од MotoGP шампионатот за сезоната 2016.

Од KTM веќе изјавија дека подготовките за MotoGP проектот одат според планот, а мотоциклот официјално ќе го има својот деби настап за време на трката во Австрија на 14 Август.

KTM RC16 може да произведе 270 коњски сили но тоа не е се во поглед на перформансите. Всушност, да се има поранешен тест возач на Suzuki во тимот има смисла, особено ако уште еднаш ги прочитаме зборовите на Стефан Пиерер.

ktm rc16 motogp test.middle

Извршниот директор на KTM изјави дека RC16 нема да се соочи со истите проблеми што ги имаше и моделот на Suzuki, GSX-RR во сезоната 2015. Во однос на целите за сезоната, тој изјави дека ќе се обидат да држат чекор со Suzuki и дека редовното завршување меѓу првите десет возачи ќе биде приоритет.

Со поранешниот тест возач на Suzuki на платниот список, KTM си ги зголемува шансите  за да создаде шасија која ќе биде многу подобра од првичната замисла. На Алекс Еспаргади и на Маверик Вињалес навистина им се допадна мотоциклот после само едно возење. Со вклучувањето на Де Пуние, KTM секако дека ќе се обиде да ги надмине перформансите на Хамамацу.

Се уште немаме информација кој ќе го вози KTM RC16 на патеката во Валенсија. Некои велат дека тоа ќе биде Мика Каило, благодарение на неговото поранешно искуство со пневматиците на Michelin.

Back To Top