(Време на читање: 1 - 2 минути)


Suzuki конечно го претставија нивниот нов  „seamless“ менувач за MotoGP моторите.

Пред да почне зимската забрана за тестирање, на патеката во Сепанг, Маверик Вињалес ја претстави оваа значајно подобрена компонента.  Seamless box, која прв пат се појави кај Honda во 2011 година, дава полесно забрзување при излегување од свиок со тоа што го редуцира триењето, на овој начин без проблем се префрла во следната или претходна брзина без користење на кумплунг.

suzuki xrh 1 2015 06

Во разговорот за „MCN“ по тестот, Бравио изјави дека сега откако кутијата е подготвена ќе можат да почнат да напредуваат, а новиот стандардизиран софтвер ќе биде поделен на останатите тимови.

Имавме навистина интересен тест во Сепанг. Оваа работа ја чекавме минатата сезона. Но сега таа е подготвена. И покрај тоа што го имавме само Вињалес бидејќи Еспераго беше повреден, резултатите се навистина позитивни. Можевме да видиме големо подобрување од неговиот настап. Продолживме да стекнуваме искуство со пневматиците на Michelin. Исто така и за прв пат тестиравме со софтверот за 2016 година. Се уште не чека многу работа, многу имаме да учиме. Мораме да ги најдеме вистинските параметри и прилагодувања. Веќе имаме неколку интересни информации на кои ќе можат да работат нашите инжињери во текот на зимата. Со нетрпение чекаме да се вратиме во Сепанг. Ќе видиме колку ќе бидеме подготвени на првата трка со подобар мотор, кутијата и можеби малку подобри прилагодувања на електрониката.- Давиде Бривио

Првите пред сезонски тестови за 2016 година ќе се одржат od 1-3 февруари на патеката Сепанг во Малезија, тестирањата потоа продолжуваат на Филип Ајленд во Австралија (17-19 февруари), а последното тестирање е закажано за на Лосаил (Катар) каде тимовите ќе бидат во периодот 2-4 март. Шампионатот започнува на истата патека на 17-ти март.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: